Охрид како  привлечна туристичка дестинација  наскоро ќе биде прикажан на турската НТВ телевизија откако викендов неколкучлена   тамошна  екипа  сними репортажа  во градов.

Гостите од Турција  се запознаа со културно – историските знаменитости на Охрид и со вкусните охридски специјалитети. Во репортажата ќе бидат опфатени  убавините на старото градско  јадро со специфичните охридски занаети, копаничарство и охридскиот бисер, а ќе  бидат прикажани и убавините на манастирскиот комплекс „Св. Наум“.  Пред екипата од новинари и  камермани  беше подготвено  охридското ѓомлезе, а  гостите  беа запознаени и со начинот на лов на риба.

 Турската екипа беше и во посета на Скопје и Битола,а кај нас  беа во организација на македонскиот Конзулат во Истанбул во соработка со Општина Охрид.