Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
ШЕСТИ НЕВРОЛОШКИ КОНГРЕС ВО ОХРИД
Untitled Document

Во хотел Метропол, вечерва започна шестиот по ред Македонски невролошки конгрес, со интернационално учество и вторите по ред интернационални Охридски средби. Настанот е во организација на Универзитетската клиника за неврологија – Скопје, Здружението на невролози на Република Македонија и Лига за борба против епилепсија. Како претставник на градот домаќин, свое обраќање имаше градоначалникот Никола Бакрачески.

-          Денес јас сум почестен, да се обратам на 6. Македонски невролошки конгрес со интернационално учество и да Ви посакам топло добредојде во овај убав град. Дозволете ми да го изразам своето задоволство што го избравте Охрид за одржување на овај конгрес. Верувам дека во наредните три дена, разменувањето на искуствата и познавањата, разгледувањето на последните клинички истражувања во неврологијата, потсетувајќи се на најновите надградби на невролошките водичи кои  промовираат нови методи во дијагностицирањето и третирањето на болестите. Се надевам дека ќе дадете придонес во напредокот на неврологијата, како и во унапредувањето на дијагностицирањето и третирањето на болестите, истакна градоначалникот Бакрачески.

Годинашниот конгрес ги опфаќа темите за мозочен удар, епилепсија, паркинсова болест, мултиплекс склероза, деменција, полиневропатија и невромускулни нарушувања.
На конгресот предавања ќе одржат голем број на домашни и странски експерти. Овај настан нуди одлична можност за запознавање и размена на искуства, со една цел – подобрување на невролошката пракса и лекувањето на невролошките болести во Република Македонија.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1381  пати
Објавено на: 22.09.16

Настани

Фев 27 Годишнина од смртта на гемиџијата Марко Бошњаков

Мар 7 Ден на албанската просвета

Мар 8 Меѓународен ден на жената

Календар на настани

Актуелни информации


ПРОГРАМА: „ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ“


ОТЧЕТ 2018

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©