Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ СО НАЈБЛИСКИТЕ СОРАБОТНИЦИ УЧЕСТВУВАА ВО АКЦИЈА ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ХРАНАТА И НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ГЛАДТА
Untitled Document

Со купување на прехранбени производи за ранливите катогории на граѓани, градоначалникот Никола Бакрачески и неговите најблиски соработници, се вклучија во одбележувањето на 16 октомври, Светскиот ден на храната  и неделата на борба против гладта.

Бакрачески во оваа пригода ги истакна програмите кои Општина Охрид и Советот ги реализираат во социјалната сфера, а посебно за оваа кампања истакна:

- Општина Охрид заедно со општинската организација на Црвениот Крст, по четврти пат се вклучи во кампањата, со цел да се подигне свесноста за солидаризирање и помагање на ранливите категории на граѓани. Ги повикувам сите граѓани активно да се вклучат во акцијата и барем за  момент оваа категорија на граѓани да ги задоволат основните животни потреби. Ова е само мал дел од активностите што ги спроведуваме во текот на целата година. Во координација со Црвениот Крст, во текот на годината во повеќе наврати сме реагирале кога за тоа се јавило потреба за одредени семејства. Тука се и програмите за  субвенционирање на дел од комуналните трошоци на граѓаните кон општинските јавни претпријатија, како и стипендиите за студенти и ученици чиј број од година во година постојано расте.

Претседателот на Црвен Крст Охрид, Сашо Точко го поздрави  специфичниот пример кој го негува Општина Охрид и ги повика сите граѓани и фирми до крајот на кампањата активно да се вклучат во нејзиното спроведување.

Неделата на борба против гладта ќе трае до 22 октомври.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1461  пати
Објавено на: 19.10.16

Настани

Фев 27 Годишнина од смртта на гемиџијата Марко Бошњаков

Мар 7 Ден на албанската просвета

Мар 8 Меѓународен ден на жената

Календар на настани

Актуелни информации


ПРОГРАМА: „ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ“


ОТЧЕТ 2018

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©