Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИ ПРОЕКТОТ „ОД 20-ТИ ДО 20-ТИ СИТЕ ВО ОХРИД“
Untitled Document

Со Трката на келнерите и концертите на Камелеон и Фолтин синоќа завршија активностите предвидени во рамките на првото издание на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.

Осмислен од креативниот тим на Супер радио, како подарок за градот за 25-тиот роденден, организиран од страна на соодветните сектори при Општина Охрид, овој проект внесе вистинска свежина и нов начин на прослава на празниците, кое беше позитивно прифатен од охриѓани и гостите.

Синоќа се одржа Трката на келнерите во која најбрз беше Блаже Љушев кој ги бранеше „боите“ на кафе бар Liquid, пред Игор Митрески од „Александрија“ и Ермин Иса од „Аквариус“. Првите двајца си добија таблети како награда, а Ермин доби вечера за двајца во пица ресторанот „Валентино“ во Охрид.

Вечерта продолжи со фантастичен настап на групата „Камелеон“, потпомогнати од Жармена, Китроз и Никола Тони. Тие уште еднаш покажаа дека се одлична екипа и дека може да се направи фантастична забава со сопствена и авторска музика, доколку на истата и` се пристапи сериозно и се работи со многу љубов и посветеност.

Последни на сцената настапија Фолтин кои сосема ја оправдаа најавата дека ќе понудат „духовита и страсна музика со жешка танцувачка атмосфера“.

Синоќа имавме уште една ноќ за паметење и одличен крај на една замисла која траеше полни триесет дена, понуди програма на неколку сцени, илјадници насмевки, подароци, одлична музичка и забавна програма. За да биде впечатокот комплетен придонесе и убавото време и многубројните гости од земјата и странство, кои заедно со домаќините уживаа во Охрид периодов наназад.

За најмладите имавме „Игри без граници“ во Центарот на градот, дваесетина настани „Од срце за Охрид“ во посебно изработената куќичка до споменикот на Св. Климент, трки на Дедо мразовци и келнери, Баскер фест, Вино фест, промоција на книгата „Охрид во 10“, Фестивал на графити и модерна уметност, изложба на фотографии од Охрид, новогодишна претстава на волонтерите при Црвен крст, новогодишен викенд во рамките на кој настапија: Мартин Мила, Даниел Кајмаковски, Анита Мицова, Ансамбл Билјана, Бени и Нон Стоп, Петар Маркоски и Суперхикс. Следуваа и настапите на High Voltage, Александар Митевски, Драган Б. Костиќ, Силви Бенд, Балкан Џем, Ирма Гогова, Емилија Петровска, Билјана Буџаковска, Ивана Коскоска, Ѓоко Танески, Сергеј Четковиќ, Љубојна и многу други настани кои оставија трага периодов наназад и високо ја кренаа летвичката на пристапот кон ваквите прослави и манифестации во Охрид и многу пошироко.

Прочитано:  1440  пати
Објавено на: 20.01.18

Настани

Мар 22 Светски ден за заштита на водите

Мар 25 Годишнина од смртта на Методи Патче

Мар 31 Годишнина од смртта на Борис Чипан

Календар на настани

Актуелни информации

ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА (ЛЕАП) ЗА ПЕРИОД 2019 - 2025


ОТЧЕТ 2018

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©