Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЕЗЕРСКА СРЕДБА НА ВЕТЕРАНИТЕ ОД ОДБРАНАТА И БЕЗБЕДНОСТА
Untitled Document

Охрид   е подготвен за манифестацијата „Езерска средба, Охрид -2018“што ќе се одржи во сабота на 24 март во организација на огранокот на Здружението   на ветерани  од одбраната и безбедноста на Република Македонија, а под покровителство на градоначалникот Јован Стојаноски. На средбите покрај гости од земјава ќе присуствуваат и претставници на сродни здруженија  од  Албанија,Бугарија и Србија.

На денешната  прес конференција што се одржа по  тој повод  беа изнесени деталите за случувањата во сабота.

Секретарот на општината,  Игор Бежоски  се осврна на значењето и придобивките за Општина Охрид  од организирање на вакви манифестации.

- Убедени сме дека со оваа манифестацијата, која се организира во рамките на одбележувањето на 10-годишнината од успешната работа на Општинската организација на Здружението на ветераните ододбраната и безбедноста од Охрид, се отвораат нови можности за соработка и промоција на нашиот град во регионот.На „Езерската средба“, како што е најавено,  покрај ветераните од западниот дел на Република Македонија, ќе учествуваат и гости од здруженија на ветерани од Република Албанија,Република Бугарија и Република Србија. Имајќи ги во вид бенефитите од организирањето на вакви средби, градоначалникот Јован Стојаноски, ги покани да учествуваат и  градоначалниците од градовите околу Охридското и Преспанското Езеро.Тоа ќе биде можност за разговори за резултатите од досегашната, пред се прекугранична соработка, како и за нови заеднички проекти кои би биле поддржувани од европските фондови.Се надеваме дека ваквите средби на ветераните од одбраната и безбедноста ќе прераснат во традиционални, а веројатно ќе ги мотивираат и гостинските здруженија од земјите од соседството да организираат слични манифестации во своите средини – подвлече Бежоски.

Претседателот на Општинската организација на ветераните од одбраната и безбедноста,   Добре Вељаноски посочи дека  манифестацијата „Езерски средби- Охрид 2018“  започнува  во сабота во 9 часот наутро со спортски активности  пред бараките наспроти хотел „Гарден“ . Централниот  настан на одбележувањето ќе биде Свечената седница што  ќе се одржи во големата сала на општина Охрид со почеток во 14,00часот на која  е предвидено да се обрати и градоначалниот Јован  Стојаносики кој е и покровител на манифестацијата.
На  седница ќе учествуваат високи претставници на сродните национални асоцијации од Република Бугарија, Република Албанија и Република Србија. Се очекува и присуство  на градоначалници  од   Струга, Ресен, Дебрца, Вевчани од македонска и Корча, Елбасан, Пешкопија и Берат од албанска страна.

На свечената седница ќе бидат доделени дипломи,благодарници и признанија на соработници, гости и заслужни членови на асоцијациите на ветераните.

За  гостите од земјава и странство општина Охрид организира  посета и разгледување на културно-историските знаменитости во старото градско јадро.

Манифестацијата -  “Езерска средба – Охрид 2018”, се одржува во соработка со локалната самоуправа од Охрид, а под покровителство на градоначалникот, д-р ЈованСтојаноски.

Прочитано:  1461  пати
Објавено на: 22.03.18

Настани

Мар 20 Патронен празник на ОУ „Живко Чинго“

Мар 22 Светски ден за заштита на водите

Мар 25 Годишнина од смртта на Методи Патче

Календар на настани

Актуелни информации

ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА (ЛЕАП) ЗА ПЕРИОД 2019 - 2025


ОТЧЕТ 2018

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©