Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ – 21 СЕПТЕМВРИ ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ
Untitled Document

Општина Охрид од 17-22 септември 2018год. се вклучува во одбележувањето на „Европската недела на мобилност“, односно 21 септември – Ден без автомобили, кога традиционално  во тој период се организираат настани посветени на одржлива мобилност во урбаните средини ,кои годинава треба да бидат на тема Мултимодалност –„Комбинирај и движи се“.

Кај нас, а и во светот, се резервираат една или повеќе фрекфентни сообраќајници   за велосипедисти и пешаци.На тој начин се упатува силна порака дека со мудро одбирање на начинот на секојдневен транспорт, го заштедуваме домашниот буџет, го подобруваме нашето здравје , воедно ја заштитуваме животната средина и го намалуваме загадувањето од транспортот – а се што ни треба е подготвеност и волја одговорно да се однесуваме кон животната средина.

Настанот во 10.00 започнува со презентација во големата сала на општина Охрид каде на присутните ќе се обрати зам.градоначалникот на општина Охрид .Потоа следува велосипедското дефиле  од 11: 15  до 12:15 часот кое ќе се  одвива по улиците „Димитар Влахов“,„Кузман Јосифовски“ од пресекот со ул.„Димитар Влахов“ до пресекот со ул.„Партизанска“, ул.„Партизанска“ од пресекот со ул.„Кузман Јосифоски“до пресекот со ул.„Јане Сандански“ и дел од ул.„Јане Сандански“ од пресекот со ул.„Кеј Македонија“  од ул.,,Кеј Македонија“ преку мост ,,Билјанини извори“ до плажа ,,Амброзија“ и назад до ул.,,АСНОМ“ од ул.,,АСНОМ“ до  ул.,,Булевар Туристичка “ од Булевар Туристичка “ по  ул.,,Димитар Влахов“ до Општина Охрид.

На крајот од дефилето следуваат награди за учесниците во настанот. Општина Охрид 21.09.2018год.(петок) го прогласува за Ден без автомобили и за таа цел ги повикува масовно да се вклучат во оваа акција сите граѓани и барем еден ден во годината на работа да дојдат без автомобили.

Во петок оставете го автомобилот дома и уживајте во возење на велосипед или пешачење, знаејќи дека ќе го направите вистинскиот потег за зачувување на чистиот воздух и чистата животна средина.

Прочитано:  251  пати
Објавено на: 19.09.18

Настани

Фев 27 Годишнина од смртта на гемиџијата Марко Бошњаков

Мар 7 Ден на албанската просвета

Мар 8 Меѓународен ден на жената

Календар на настани

Актуелни информации


ПРОГРАМА: „ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ“


ОТЧЕТ 2018

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©