Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ВИЗАНТОЛОГИЈА И МЕДИЕВИСТИКА
Untitled Document

Во конгресниот центар на УКИМ, денес, свечено беше означен почетокот на првата национална конференција за византологија и медиевистика, насловена како „Самуилова држава – 1000 години потоа (1018 – 2018)“.  Конференцијата ја отвори претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов кој во своето обраќање се осврна на политичките теории и институциите на Источното Римско Царство.

Кога во 867 година Ерменецот Василиј со преврат станал византиски император, нему му биле потребни сите можни аргументи за да ѝ даде легитимитет на својата власт. Еден од тие аргументи бил фактот дека тој се родил во византиската тема Македонија, која опфаќала само еден мал дел од поширокиот историски и географски регион Македонија. Тоа било повод неговата династија да се нарече македонска. Надоврзувајќи се на овој наратив, Константин VII Порфирогенит изградил перцепција за наводна генеолошка врска на неговиот дедо Василиј I со античката македонска династија за да го зајакне легитимитетот. Тоа денес некои го нарекуваат антиквизација. На византиската македонска династија, секако, ѝ одел во прилог фактот дека во тоа време не постоел друг државен субјект што би се повикувал на славната македонска традиција. Но, набргу нештата се смениле. Словенските светители и просветители Кирил и Методиј и нивните ученици Св. Климент и Наум Охридски создале услови за културно, образовно, духовно, а со тоа и социоекономско издигнување на словенските народи, и конкретно, народот на Македонија. Семето што го посеале изртило и пуштило корен од кој никнала една фиданка. Во 969 година, користејќи ја презафатеноста на Византија на Истокот, комитопулите Давид, Мојсеј, Арон и Самуил кренале востание против разнишаната бугарска власт. Во 976 година, односно пет години по укинувањето на Првото бугарско царство од страна на Византија, Самуиловата држава се воспоставила како нова геополитичка реалност на Балканот, потенцираше претседателот Иванов.

Пред присутните на конференцијата, во името на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, се обрати претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска.

Одржувањето на националната конференција посветена на Самуиловата држава, нејзиното основање, постоење и пропаѓање ќе има виден придонес во продлабочувањето на проучувањата на македонската средновековна историја и на византологијата, подрачја кои кај нас не се доволно истражени и расветлени. Новите сознанија ќе помогнат на сегашните, но и на идните генерации историјата да ја гледаат реално и низ аргументи, а не да ја злоупотребуваат за дневно – политички или други интереси, истакна претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска.

Во продолжение на конференцијата беа прочитани поздравни телеграми од претседателите на пријателските комитети од повеќе земји и од Интернационалната асоцијација за византологија и медиевистика, како и од Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана, господин господин Стефан. Mеѓу присутните беа деканот на Филозофскиот факултет, д-р Ратко Дуев, претседателот на Српскиот комитет за византологија и медиевистика, д-р Срѓан Приватриќ, митрополитот на Дебарско – кичевската епархија, господин Тимотеј и други интелектуалци од оваа област.
Настанот беше збогатен и со настап на византискиот хор „Св. Нектариј Битолски“.

Прочитано:  228  пати
Објавено на: 25.10.18

Настани

Јан 27 Свети Сава празник на српската заедница

Фев 6 - Годишнина од смртта на Григор Прличев - Културна манифестација: „Прличеви Беседи“ - Патронен празник ОУ „Григор прличев“

Фев 9 Годишнина од смртта на Кирил Прличев

Календар на настани

Актуелни информации


ОТЧЕТ 2018

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©