Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН 7.НОЕМВРИ- ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ОХРИД
Untitled Document

Денот на ослободувањето на Охрид- 7. Ноември беше одбележан со свечена програма, што се одржа на малиот плоштад кај Долна порта. На централната  свеченост кај Долна порта се обрати градоначалникот Јован Стојаноски кој рече дека   денеска се навршуваат 74  години од денот, кога во далечната 1944 година,охриѓани со жар и надеж ја славеа слободата.

 

 

Со високо крената глава денес   уште еднаш ја оддаваме нашата длабока почит  кон сите оние кои го дадоа својот живот за слободата на Охрид и кон сите учесници во Народно ослободителната  антифашистичка војна. Тие, кои биле дел  во   виорот на Втората свeтска војна,  а и оние  кои во целиот повоен развој, учествувале  во креирањето на новата историја на нашата татковина и нашиот Град, со повеќе емоции од било кој од нас, ги доживуваат   сите радосни и тажни моменти, низ кои минуваат Охрид и охриѓани.
Овој ден е голем празник за нас затоа што ја  славиме победата за подобро утре, се потсетуваме на херојските дела, но и го продолжуваме аманетот на нашите предци, да ја сочуваме крваво добиената слобода. Минатото нè води до сегашноста, а сегашноста е влог во нашата иднина. Од раните на нашите дедовци и  татковци се создава нашата сила  да креираме подобра иднина за сите нас. „Можеби имало поубави времиња, но ова е нашето време “.  Да го искористиме  за да отвориме  нови порти за нашиот  Охрид кој ќе биде еден од најразвиените градови во државава, пријатен дом за сите охриѓани и топ- туристичка дестинација за бројни посетители и  гости. Единствена константа во животот се промените. Тие се неминовност којашто го врти тркалото на светот.  Почитувајќи ги традициите и не заборавајќи што ни оставиле генерациите пред нас продолжуваме да го градиме и осовременуваме древниот Охрид. Заедно со вас, преку  постојана комуникација и отвореност  создаваме услови за реализирање на проекти со кои ќе ги надминеме проблемите, притоа не излегувајќи од зацртаните стратешки  определби на локалната власт-
рече градоначалникот Јован Стојаноски .

Нашите деца се наша иднина , рече градоначалникот Стојаноски, додавајќи дека тие се најскапоцениот влог во кој вреди и мора да се инвестира.

 

Со низа проекти ќе ги вратиме младите во Охрид  и ќе го стопираме нивното иселување. Изминатиов период работевме на подобрување  на условите за учење во сите образовни установи во градов .Вистински образовен комплекс  ќе  бидат просториите на касарната „Михајло Апостолски“ кои  по долгогодишни постапки  конечно се сопственост на општина Охрид. Тука ќе бидат сместени неколку образовни институции , а ќе има и други  содржини.
Одговорно  и напорно  работевме и на подобрување на инфраструктурата во градов. Ја асфалтиравме улицата „ Македонија“ , а речиси се е подготвено за реконструкција на истоимениот  Кеј „ Македонија“ . Асфалтиравме бројни  улички и краци низ целата територија на Охрид. Ја расчистивме депонијата „ Мауцкер“ , се гради и пешачката патека од градската саат кула до „ Лабино“ ,а со сообраќајна студија чија изработка е во тек трајно ќе го решиме проблемот со сообраќајниот хаос во градов. Со поддршка, соработка и разбирање  на  централната власт работиме на конечно решавање на два крупни проблеми , функционирањето и реконструкцијата  на колекторскиот систем и раздолжување на општината со што ни се трга голем товар од плеќите ,а ќе добиеме  можност да се насочиме и многу повеќе од досега  да  инвестираме во различни општествени сегменти.
Само заедно, можеме да направиме и повеќе и поубаво и подобро. Да го забележиме времето во кое живееме, но никогаш да не ги заборавиме  заслугите на постарите генерации
- рече градоначалникот Стојаноски.

Во името на Општинската организација на Сојузот на борците од НОАВМ и нивните подржувачи, пред присутните се обрати претседателот Гоце Георгиески, кој рече дека 7.Ноември е празник на идеалот за слобода и правда, идеал на кој треба да се воспитуваат идните генерации.

Денес на овој значаен празник, ја имаме честа и големото задоволство, припадници на различни генерации да ја споделиме гордоста што сме  заедно во одбележувањето на датумот кој го чува и означува времето што треба да го паметиме, да не го забораваме. Прославувајќи го овој ден и сеќавајќи  се на жртвите, ние со почит и благодарност се поклонуваме пред олтарот на сите паднати борци за слободен Охрид, за слободна и самостојна Република Македонија- рече Георгиески.

Во културно- уметничката програма  настапија хорот и оркестарот на ОСУ „ Св. Климент Охридски“, рецитаторите Сретен Стрезоски и Ристе Лекоски и дечиња од детската градинка „ Јасна Ристеска“ .  

 

Претходно делегации на Општина Охрид, Сојузот на борците од НОАВМ и нивните поддржувачи, политички партии и невладини организации, положија цвеќе на спомен обележјата од НОБ во Спомен паркот на револуцијата каде се одржа и историски час, градскиот парк, во селото Рамне каде се одржа и панахида пред бистата на Јасна Ристеска, градските гробишта, пред Основниот суд и СОСУ „ Св. Кирил и Методиј“.  

 

Прочитано:  514  пати
Објавено на: 07.11.18

Настани

Мар 22 Светски ден за заштита на водите

Мар 25 Годишнина од смртта на Методи Патче

Мар 31 Годишнина од смртта на Борис Чипан

Календар на настани

Актуелни информации

ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА (ЛЕАП) ЗА ПЕРИОД 2019 - 2025


ОТЧЕТ 2018

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©