Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА НА ФОТОГРАФИИ ,, ПО ТРАГИТЕ НА СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ”
Untitled Document

Во Куќата на Уранија- МАНУ, вечерва свечено беше отворена изложбата на фотографии ,, По трагите на светите Кирил и Методиј” . На свеченоста , во името на организаторите, Општина Охрид, Амбасадата на Република Словачка во Република Македонија и Словачката национална библиотека,се обратија градоначалникот Јован Стојаноски и амбасадорот Хенрик Маркуш.Во Куќата на Уранија и во музејот во Куќата на Робевци , поставени се триесет и една фотографија од познатиот меѓународен словачки експерт за надворешна политика Павол Демеш, кој три години ги фотографирал најзнаменитите објекти , поврзани со животот и делото на светите Кирил и Методиј.

-Особено сме почестени што пријателите од Република Словачка со оваа изложба, ни го збогатија чествувањето на денот на ,, Св.Климент Охридски- патронот на Охрид”, изложба која го поврзува нивното дело со делото на нивните ученици, светите Климент и Наум Охридски. Тоа е чин на продолжување на веќе воспоставената соработка и верувам дека со нашето присуство на триесеттото јубилејно издание на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во истоимената црква во Словачкиот град Терхова, соработката ќе ја продлабочиме – рече градоначалникот Стојаноски.

Фотографиите на Павол Демеш го презентираат учеството на солунските браќа во трите големи мисии кај Арабите, Хазарите и мисијата по Велика Моравија. Фотографиите ги документираат спомениците сочувани од нивниот период , или посветени на нив.

-Со Република Македонија негуваме посебни меѓудржавни односи, во кои морам да признаам дека посебно не инспирираа заедничките вековни културно- историски врски. Ако не биле светите Климент и Наум Охридски, многу помалку ќе знаевме за делото на нивните учители, светите Кирил и Методиј, кои во 1980-та година , папата Јован Павле Втори , ги прогласи за покровители на Европа. Токму затоа, ние Охрид го чувствуваме како центар на ширењето на сесловенската писменост и култура и како мотив за продолжување на воспоставенат соработка. – рече амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш.

Кураторот на изложбата Стојан Лекоски, кој потекнува од Охрид, а живее и работи во Словачка, истакна дека првпат фотографиите се изложени во Братиславскиот замок, во неколку градови во Европа и САД, како и во Република Македонија.

Во културно-уметничката програма , на свеченото отворање на изложбата, настапија младата флејтистка Анета Матеска , под менторство на професорката Ирена Веруш и пијанистката и директор на ОМУ,,Методи Патче” Емилија Маринова. Изложбата, како што беше најавено, покрај редовните , деновиве организирано ќе ја посетуваат ученици од основните и средните училишта од Охрид.

Прочитано:  215  пати
Објавено на: 08.12.18

Настани

Мар 22 Светски ден за заштита на водите

Мар 25 Годишнина од смртта на Методи Патче

Мар 31 Годишнина од смртта на Борис Чипан

Календар на настани

Актуелни информации

ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА (ЛЕАП) ЗА ПЕРИОД 2019 - 2025


ОТЧЕТ 2018

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©