Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ РЕКОНСТРУИРА БУЛЕВАРОТ „ТУРИСТИЧКА“
Untitled Document

Булеварот кој веќе подолги години беше во очајна состојба и  претставуваше грда слика на градот,  започна да се реконструира. Денес, увид за текот на градежните работи извршија, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на ЈП „Државни патишта“, Зоран Китанов и в.д. градоначалникот Константин Георгиески, а претходно имаа работна средба во кабинетот на градоначалникот.

- Во име на жителите од Охрид, сакам да ја пренесам благодарноста до Владата и министерството за транспорт и врски, а особено до министерот Горан Сугарески, за брзата реализација на нашето барање, а тоа е реконструкција на булеварот „Туристичка“. Булеварот кој веќе подолги години беше во очајна состојба, претставуваше грда слика за градот. Отежнато  движење по лошиот асфалт беше причина околните сообраќајници да бидат преоптоварени со сообраќај и да се создава непотребен метеж. Со реконструкцијата сето тоа ќе биде минато и граѓаните и туристите ќе добијат пофункционален булевар, изјави в.д. градоначалникот Георгиески.

По завршувањето на реконструкцијата Охрид ќе добие еден репрезентативен булевар, кој значително ќе го подобри функционирањето на сообраќајот во градот.

Она што пред неколку месеци го најавивме со директорот за државни патишта, Зоран Китанов, а тоа е започнувањето со градежната офанзива, практично од овој период со почнувањето на градежната сезона го остваруваме. Сакам да потенцирам дека Охрид и охридскиот регион се особено важни за нас. Во наредниот период интензивно ќе се работи на реконструкција, конкретно за транзитниот дел на градот, булеварот „Туристичка“ и стариот пат за Струга. Се она што го најавуваме во изминатиот период во најголема мера ќе биде остварено, рече министерот Сугарески.

Во моментов во Охрид се работи на три реконструкции на патишта во должина од 18,2 километри.

Пред три дена започнавме петнаесет реконструкции на патишта, од кои три се во Охрид. Должината на реконструираните патишта во Охрид ќе бидат во должина 18,2 километри. Предвидено е градежните работи да завршат до месец јули, се со цел Охрид, туристичката сезона да ја пречека подготвено. Во тек е тендерска постапка за изработка на проект за реконструкција на патниот правец Охрид – Св. Наум, каде планираме да извршиме голема реконструкција, потенцира директорот Китанов.

Се очекува градежните работи да бидат целосно завршени пред почетокот на летната туристичка сезона.

 

Прочитано:  270  пати
Објавено на: 06.03.19

Настани

Мар 25 Годишнина од смртта на Методи Патче

Мар 31 Годишнина од смртта на Борис Чипан

Апр 7 Светски ден на здравјето

Календар на настани

Актуелни информации

ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА (ЛЕАП) ЗА ПЕРИОД 2019 - 2025


ОТЧЕТ 2018

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©