Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Образование и наука :: Факултетот за туризам и организациони науки - Охрид
ОУ "Братство Единство" - Охрид
Факултетот за туризам и организациони науки - Охрид
Адреса: "Кеј Маршал Тито" 95
Тел./Факс: 046 262 147   
Веб сајт: www.uklo.edu.mk
Контакт:
тел.: ++389 46 262147
e-mail:

Факултетот за туризам и организациони науки е основан од страна на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, со Закон објавен во "Службен весник на СРМ" бр.30/ 1977 год.

Согласно Законот, основачот на Факултетот избра матична комисија во состав: проф. Копроски Љупчо за претседател, членовите проф. д-р Крум Михајлов, проф. д-р Борислав Благоев, проф. д-р. Душко Петкоски, проф. д-р. Ѓорѓи Чепујноски, Драган Михајлоски и Виктор Плевнеш.

Матичната комисија, согласно своите овластувања изработи наставен план според потребите од кадри со високо и вишо образование од областа на туризмот и угостителството со цел задоволување на потребите на туристичкото стопанство. Во врска со тоа изработи наставен план, распиша конкурс и избра потребен број наставен кадар врз основа на што Факултетот отпочна со работа со зимскиот семестар во 1977 година. Дел од избраниот наставен кадар заснова редовен работен однос, а дел го сочинуваа професори во хонорарен работен однос кои претежно беа научен кадар од Економскиот факултет во Скопје.

При основањето на Факултетот истиот започна да работи во состав на Универзитетот
 "Св. Kирил и Методиј" - Скопје.
Веднаш по основањето, односно во октомври 1978 година, Факултетот го избира првиот Совет на факултет со што го заокружува процесот на основање и продолжува да работи како самостоен субјект, останувајќи интегрален дел на високошколскиот образовен систем на Република Македонија и тогашната СФРЈ. Факултетот во јуни 1979 година е примен за член на Интерфакултетската Конференција на економските факултети на тогашната југословенска заедница.

Факултетот за туризам и организациони науки уште во почетокот на своето постоење го трасира своето место како високо образовна институција во областа на економските науки со посебно тежиште на туризмот и угостителството. Истото оваа научна установа го протежираше преку наставните планови и програми, истражувачки проекти, поврзување со трговските друштва особено од областа на туризмот и угостителството, размена на научни искуства со други институции и катадневно осовременување на наставниот процес. Со еден збор, нејзината основна преокупација е постојан интерес за теоријата и практиката и нивно соединување за давање резултати во областа на стопанството.

Во развојот на Факултетот, со сè поголемиот научен и практичен интерес на вработените наставници, како и потребите во сферата на општествено - економскитe односи истиот го прошири и го разви полето на интерес при што покрај Катедрата за туризам и угостителство отвори и насоки за гастрономија, царина и шпедиција и осигурување. Научниот и практичниот интерес и натаму продолжува, така што Факултетот покрај областа на туризмот и угостителство постојано мултидисциплинарно им приоѓа на општествените потреби воведувајќи измени во наставните програми и во воведување нови насоки.
Факултетот за туризам и организациони науки покрај плодната наставно- научна дејност, остварува контакти на научен план и со бројни високошколски институциии во Р. Македонија и во светот.

Во рамките на меѓународната соработка, ФТУ тесно соработува со повеќе универзитети од Варна-Бугарија, Валона-Албанија, Солун и Атина-Грција, Тулуз-Франција, Баварија-Германија, Сент-Луис-САД, Факултетот за туристички и хотелски менаџмент од Опатија-Хрватска, Факулетот за комерција од Братислава-Словачка.

Факултетот соработува со стопански субјекти од областа на туристичкото стопанство и осигурителните компании: Охрид-турист, Македонија-турист, Инекс-Горица. Путник. Кјуби-Македонија, Вардар-осигурување и Макошпед-осигурување.

Факултетот соработува со следните владини институции:
     - Царинска управа на РМ
     - Сектор за туризам при Министерството за економија.
     - Министерство за образование и наука
     - Министерство за култура
Факултетот соработува професионални асоцијации - АТАМ и ХОТАМ.

Размена на академскиот кадар се обавува помеѓу Географскиот факултет во Нови Сад, Србија, Економскиот факултет во Валона, Р.Албанија, Економски факултет во Благоевград, Р. Бугарија, Хотелиерскиот факултет Опатија, Р. Хрватска, Факултетот за туризам во Лион, Франција, Факултетот за туризам во Валона, Албанија.

На меѓународен план Факултетот е вклучен во повеќе проекти од примена на Европскиот кредит трансфер систем и Балканска мрежа на високо образование и тоа:
     • Student Mobility (OMS) 2001/2004 година, склучен преку Универзитетот Св. Климент Охридски- Битола и l,Institut Universitaire des Maitres de L, Academie de Toulouse, France;
     • Designing a long-term agricultural strategy for Albania under the framework of the Stability Pact, od TEMPUS програмата 2000 со Албанија и Факултетот за биотехнички науки во Битола;
     • Regional Cooperation Joint European Project, Curriculum Development), Enhancing regional cooperation in Southeastern Europe: cirriculum updating and adoption for tertiary hospitality and tourism courses, od TEMPUS-FARE програма, со Грција и факултетот за туризам и угостителство во Охрид, 2000.
     • Проект за заштита на Охридското Езеро, 1991/2001 во компонентата А, Развој на институционална и законска рамка за унапредување на животната средина во сливот на Охридското Езеро;
     • Проект "Туристичка промоција" на Охрид, како проект имплементиран преку канцеларијата Призма во Скопје, корелатор со Агенцијата за меѓународен развој на САД и Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, 2000-2003;
     • Проект "По патеките на одржлив развој", 2000/2003, во корелација меѓу Факултетот за туризам и угостителство- Охрид и Здружение на виши школи, St. Luis, Missouiri, USA.
     • Факултетот за туризам и угостителство од Охрид во соработка со Inholland Универзитетот од Амстердам и македонскиот тур-оператор MacedonTours.
     • Договор со Чартер Менаџмент Институт -Chartered Management Institute (CMI) и Факултетот за туризам и угостителство-Охрид.
     • соработка со Институтот за студирање "PJETER BUDI" Приштина, Косово-УНМИК и Фкултетот за туризам и угостителство-Охрид, според Договор бр.03-155 од 30.05.2005 год.

Постои предлог проект за усогласување на студиските програми на европско ниво на сродните факултети.

Во поглед на надворешната соработка карактеристично е дека Факултетот активно се вклучува во односите на сите инстанции во поглед на стручноста и компетентноста. Активен е и на меѓународен план.

Наставници и соработници учествувале на вкупно 345 семинари, конференции и научни собири во Републиката и во странство.

Факултетот организирал три меѓународни научни конференции во последните 5 години.
Како предавачи во странство се јавиле пет професори (во Валона, Р.Албанија и во Благоевград, Р.Бугарија).

Настани

Дек 11 Меѓународен ден на планините

Дек 21 Ден на настава на турски јазик

Дек 21 Патронен празник на ОУ Кочо Рацин

Календар на настани

Актуелни информации

8 ДЕКЕМВРИ – ДЕНОТ НА ЗАШТИТНИКОТ НА ОХРИД СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ 2017 ПРОГРАМА

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©