Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Образование и наука :: Хидробиолошки Институт
Туризам
Хидробиолошки Институт
Адреса: "Наум Охридски" 50, П.фах 50
Тел:
046 231 050, 046 262 910
Веб-сајт: http://www.hio.edu.mk/

Хидробиолошкиот Институт, основан во 1935 година е јавна владина високо образовна и научно-истражувачка организација од национален интерес која ги покрива истражуваните субјекти на лимнологијата, како природните езера (главно) така и вештачките езера и реките. Главната преокупација е лимнологијата на природните езера на Република Македонија (Охридското, Преспанското и Дојранското), со особена нагласеност на Охридското Езеро - најстарото езеро во Европа и најголемото и најдлабоко во Македонија.

Поспецифичните полиња на истражувања во Институтот се организирани во следните одделенија: физичко-хемиско, микробиолошко, фитопланктон (алги и примарна продукција), зоопланктон, макрозообентос, макрофитска вегетација, ципринидни риби, применето рибарство и аквакултура, паразитологија на риби, еко-токсокологија и молекуларна биологија. Уште од самото негово формирање Институтот располага и со мрестилиштето за пастрмски видови со капацитет од 20 милиони зрна икра, младици или подмладок на ендемските видови пастрмки од Охридското Езеро.
 
Во последните пет години Институтот беше опремен со високо софистицирана теренска и лабораториска опрема за потребите на истражување и Програмата за мониторинг на Охридското и Преспанското Езеро (двете најголеми езера во Р. Македонија), како и за изведување лимнолошки истражувања на други природни и вештачки езера.
Моментно покрај високо софистицираната лабораториска опрема, Институтот е опремен и со брод за теренска работа на Охридското Езеро (11.5 м.), опремен со кран и чекрк, радар и ехо-сондер со ГПС, профајлер (темепература, pH, спроводливост, О2), ПАР (фото активна радијација), опрема за семплирање седименти, опрема за семплирање проби на води, планктонски мрежи итн.
Во текот на долгогодишните истражувања на Охридското Езеро повеќе од 800 трудови се публицирани и презентирани. Традиционално, истражувањата на Хидробиолошкиот Институт биле фокусирани на фундаменталната хидробиологија. Ова ги вклучува некои нутриенти, температура (струења и миксија), проѕирноста на водата, примарна продукција, хлорофил, флора и фауна, ендемизам, специјација, а во последните три децении следењето на состојбата со загадувањето и еутрофикацијата на езерото е една од истражувачките активности.
Податоците коишто се стекнати од истражувањата на оваа институција како и големото стекнато искуство, биле основа за развивање стратегии во однос на заштитата и управувањето со езерото и неговото сливно подрачје. Како примери можат да се наведат иницијативата за изградба на колекторскиот систем за комунални и индустриски отпадни води со нивно пречистување и извезување надвор од сливното подрачје на езерото; Изработката на физибилити студијата за Проектот за заштита на Охридското Езеро - финансиран од Светска Банка, Хидробиолошкиот Институт е авторизирана институција за изведување на Националната мониторинг програма за езерата во Македонија, како и голем број на национални и меѓународни научно-истражувачки проекти од областа на хидробиологијата.
Во 2005 година Институтот е акредитиран за изведување постдипломски студии (согласно Болоњската конвенција) и по однос на образованието припаѓа кон Универзитетот "Св. Климент Охридски" од Битола. Покрај тоа Институтот одржува и летни школи од областа на хидробиологијата и заштитата на животната средина.
Тековно, во Институтот се вработени 36 лица, 20 научни работници (13 доктори на науки, 6 магистри и 1 помлад истражувач), остатокот е администрација и технички персонал.

 

 


Настани

Апр 7 Светски ден на здравјето

Апр 7 Патронен празник на ОМУ Методи Патче

Апр 8 Меѓународен ден на Ромите

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©