Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Хуманитарни орг... :: Црвен крст - Охрид
Туризам
Црвен крст - Охрид
ул. "Димитар Влахов" бр. 52
Тел. 046 261-909
Факс 046 262-706
Е-mail: ohrid@redcross.org.mk

Жиро сметка: 530-0003001361-21
Даночен број: 4020945114288
Депонент: "Охридска банка" - Охрид

Црвен крст е доброволна, масовна, меѓународна и хуманитарна организација на возрасни, младинци и деца. Црвен Крст - Охрид постои 60 години и сега има околу 10 000 членови во 60 основни организации на Црвен крст во образовните институции, месните заедници и работните организации.
Во сите активности на Црвениот крст се ангажираат околу 600 волонтери кои се посебно едуцирани за активностите кои ги спроведуваат. Црвен крст - Охрид им помаѓа на луѓето во неволја без разлика на пол, вера, нација, раса. Ние сме дел од глобалната мрежа на волонтери кои делуваат во конфликти, природни катастрофи и лични неволји. Преку нашите програми и активности се грижиме за заштита и унапредување на здравјето на луѓето и унапредување на животната средина, учествуваме во социјално згрижување на загрозените - давање соодветни видови помош на загрозените во случај на вонредни состојби како што се елементерни непогоди, воени состојби и кризи, овозможуваме ранливата категорија луѓе да биде подготвена и да се справи со непогодите во својата средина, го мотивираме населението за доброволно дарување крв, ги шириме знаењата за меѓународното хуманитарно право, реализираме социјално-здравствени програми за младите.
Делувањето на Црвениот крст базирано е на седум основни принципи: хуманост, непристрасност, неутралност, независност, доброволност, единство и универзалност.
Области на делување
Подготвеност и дејствување при катастрофи
Безбедност на вода
Безбедност на планина
Здравствено - воспитна
Прва помош
Крводарителство
Социјално - хуманитарна
Информирање и комуникација
Дисеминација
Млади
Служба барање
Подготвеност и дејствување при катастрофи

Црвен крст - Охрид гради ефикасни механизми за делување при катастрофи-поплави, пожари, земјотреси, вооружени конфликти, преку оспособување кадри и формирање соодветни eдиници за итни интервенции. Преку едукација ја подигнува свеста кај населението на Охрид и околината за намалување и отстранување на последиците од
катастрофи.

Безбедност на вода
Најголемиот дел од програмските активности
на Црвен крст - Охрид во делот на безбедност
на вода насочени се кон воспоставување на
целосна, одржлива мрежа на спасителни станици (пунктови) на целото oхридско крајбрежје. Присуството на обучени спасители на вода на капалиштата придонесува за поголема безбедност на капачите и влијае врз подобрување на стандардите на нашите плажи.
 

Целта на спасувањето на вода е да обезбеди и промовира безбедни капалишта за сите корисници, да ги превенира несреќите при одржувањето на различни активности и манифестации на вода, да организира работилници и семинари, курсеви за
пливање, да ја развива и унапредува соработката помеѓу секторите за туризам, животна средина и образование на локално, регионално и национално ниво. Курсевите за спасители на вода се организираат секоја година, пред почетокот на туристичката сезона. Црвен крст како единствена членка од Македонија на Меѓународната федерација за безбедност на вода (ILS), на оние кои успешно ќе го завршат курсот им доделува меѓународни лиценци-сертификати за спасители на вода. Единицата за спасување на вода на Црвен крст - Охрид
брои 30 спасители на вода, 3 помлади инструктори и 2 инструктори за безбедност на вода.

Безбедност на планина
Во рамките на активностите поврзани со безбедност на планина, во Црвен крст - Охрид постои и работи добро обучена единица за спасување на планина и непристапни терени. Составена од алпинисти-планинари оваа единица е специјализирана да делува при пребарување на тешко пристапен планински терен во секакви временски услови, обучена е за извлекување повредени од непристапни терени, пропасти, клисури, кањони и сл., како и извлекување повредени од високи објекти, згради, фабрики, оџаци и сл.
Имајќи го предвид фактот за специфичниот терен-високи планини, околу Охрид и пошироко, делувањето на оваа единица е со цел да се подигне нивото на сигурност и безбедност кај населението на Охрид и околината, а особено во обезбедување на организираните туристички планински тури во регионот на Охрид.
      Во рамките на единицата за спасување на планина и непристапни терени делуваат лиценцирани планински водичи кои се обучени да водат заинтересирани клиенти поединечно или организирани од страна на туристичките агенции до највисоките планински врвови.

Здравствено - воспитна

Активностите на здравствено-воспитен план Црвен крст - Охрид ги реализира во согласност со стратешките определби,мандатот на организацијата и календарот на традиционалните активности, со можност за проширување на делокругот на работа преку реализација на програми и проекти. Особено приоритет во работата се дава на активностите поврзани со: превенција на туберкулозата, превенција на малигните заболувања, превенција на ХИВ/СИДА, превенција на зависности, со особен нагласок за намалување на штетите од
користење на дроги, превенција на срцево-садовите заболувања, заштита на репродуктивното здравје на жената и заштита на новороденчињата, како и оспособување на населението за прва медицинска помош.

Прва помош

На курсевите по прва медицинска помош Црвен крст - Охрид преку своите лекари-едукатори го учи и обучува населението со знаењата и техниките за укажување на прва помош, за да бидат подготвени да делуваат на местото на некоја несреќа. Тоа е особено важно во ситуација кога имаме зголемен број на сообраќајни незгоди, насилство и др. Единствено во Црвениот крст се одржуваат и курсеви за прва медицинска помош за возачи, а се подготвуваат и екипи на подмладок и младинци за учество на општински, регионален, државен и европски натпревар по прва медицинска помош.  Се работи и на посебна програма за обука за укажување прва помош за професионално вработените во јавните и приватните претпријатија во регионот.

Крводарителство

Крводарителството се темели на принципите на доброволност, анонимност, бесплатност и солидарност. Само ваквите принципи обезбедуваат посигурна крв и крвни продукти. Со самото дарување крв, крводарителот изразува највисок степен на солидарност
со сите оние на кои таа им е потребна, без оглед на возраст, пол, раса, боја, национална и верска припадност.
Црвен крст - Охрид во соработка со РЕ за Трансфузиологија при Општа болница - Охрид и кабинетот за трансфузиологија при болницата "Св. Еразмо", преку организирање редовни и вонредни крводарителски акции, годишно собира над 2000 единици крв.

ЧОВЕЧКАТА КРВ Е ЛЕК, А ДАРУВАЊЕТО Е ЕДИНСТВЕН НАЧИН ДА СЕ ДОЈДЕ ДО ТОЈ ЛЕК.
ДАРУВАЈТЕ КРВ - СПАСЕТЕ ЖИВОТ!

Социјално - хуманитарна

Олеснување и ублажување на човечкото страдање преку обезбедување социјална помош за лица кои се наоѓаат во тешка материјална положба, како и подршка на ранливите лица
во остварување на нивните основни права.
Предвидените активности на овој план се реализираат со подготовка на конкретни програми и проекти за обезбедување материјални добра за помош на: социјални случаи, социјални, воспитни и образовни институции во Охрид и околината, стари и изнемоштени лица, хендикепирани лица и сите оние кои имаат во потреба од помош.

Информирање и комуникација

Црвен крст - Охрид е издавач на гласило "Хуманост" преку кое ја  информира јавноста за своите програми, реализирани активности и воедно со едукативни текстови подготвени од активистите-волонтери од различни области, врши едукација и ширење на духот на хуманоста. Црвен крст - Охрид е издавач на неколку едукативни брошури: "Болестите на зависност и младите во Охрид", "Доење и дополнителна исхрана", "што Вие и Вашето семејство можете да сторите околу астмата"; како и на голем број едукативни летоци.

Дисеминација

Дисеминација е ширење на основните принципи на Меѓународното движење на Црвениот крст и "Црвената полумесечина", ширење на знаењата за Меѓународното хуманитарно право. Тројца обучени едукатори за дисеминација преку голем број програми-активности на различни целни групи, од најмладите во основните училишта до пензионерите, ги шират идеите за
хуманост, солидарност, толеранција...

Млади

Целта на работата со младите е развивање на чувството на хуманост, толеранција, солидарност и разбирање меѓу младите луѓе, што придонесува за среќно општество и траен мир. Едукацијата и обуката на младите се одвива низ различни семинари и работилници преку кои стекнатите знаења ги применуваат при реализација на конкретни активности.

Служба барање

Во рамките на Црвениот крст работи Службата за барање чија функција е да ги извршува работите околу известување за жртви од вооружени конфликти и елементарни несреќи со цел лицата заштитени со Женевските Конвенции и дополнителните протоколи да можат да ги остварат своите права кои се предвидени со тие прописи, така што лицата кои како резултат на војна или други случувања се раздвоени, можат, што е можно побрзо да воспостават контакт. Така, ако имате потреба да дознаете нешто за некој свој близок член на семејството или драг пријател, кој подолго време не се јавува, обратете се во Службата за барање на Црвен крст - Охрид.
Основната цел на Црвен крст - Охрид е подобрување на животот на најзагрозените лица изложени на најголем ризик да живеат во минимум социјални услови, економска сигурност и човечко достоинство, без разлика на раса, пол, националност, вера, јазик, општествена положба и политички определби.
За да ја исполни својата одговорна хуманитарна мисија, Црвен крст - Охрид ги повикува сите заинтересирани граѓани на нашиот град и околина да се зачленат во нашата и Вашата организација. Истовремено апелираме до оние кои можат да дадат свој материјален и финансиски придонес за активностите на Црвен крст - Охрид и со тоа да станат донатори и достоинственици на организацијата.
Доколку сакате да се вклучите во работата на Црвениот крст и се определите да се зачлените и доколку сакате да бидете донатори на активностите, можете да ни се јавите или да не посетите.

Црвен крст - Охрид

Настани

Апр 7 Светски ден на здравјето

Апр 7 Патронен празник на ОМУ Методи Патче

Апр 8 Меѓународен ден на Ромите

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©