Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Здравство и социјала :: Здравствени установи :: ЈЗУ "Здравствен Дом" - Охрид
Јавна здравствена установа Здравствен Дом - Охрид
ЈЗУ "Здравствен Дом" - Охрид
      Со новиот Закон за децентрализација дел од здравството премина во надлежност на локалната самоуправа т.н. Примарно здравство, со кое граѓаните најпрво се среќаваат при барањето здравствени услуги.
Во состав на локалната самоупорава - Општина Охрид спаѓа новата здравствена организација: 
ЈЗУ (Јавна здравствена установа) Здравствен дом - Охрид, согласно законските одредби, како носител на примарната здравствена заштита на граѓаните кои живеат на територијата на општина Охрид.
    
Во оваа установа се наоѓа првото скалило при барањето здравствена услуга: матични лекари.
      Без преглед, упат и поставување дијагноза од страна на матичните лекари, граѓаните нема да можат:
      - да посетат специјалист од која било здравствена област;
      - да препишат лекови, особено од позитивната листа на Фондот за здравство               (популарните бесплатни или ефтини лекови).
      -  ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ - ОХРИД во својот состав ги има следните организациски единици и пунктови за примарна здравствена заштита:

Општа медицина со итна медицинска помош и домашно лекување, составена од 29 лекари, од кои 13 специјалисти по општа медицина:
     - пунктови амбуланти:
          Маларична, Воска,Радојца Новичиќ,
     - индустриски амбуланти:
          ЕМО, Лихнида, Слобода
     - селски амбуланти:
          Лескоец, Куратица, Пештани, Љубаништа, Трпејца,Требеништа, Мешеишта, Белчишта, Велмеј, Лешани, Злести, Слатино, Слатински Чифлик, Издеглавје, Сливово.

Трудова медицина
составена од 6 лекари - специјалисти

Гинекологија
1 лекар - специјалист

Школска медицина (здравствена заштита за сите ученици) - составена од 6 лекари- специјалисти

Детски диспанзер (здравствена заштита на деца на возраст од - 6 години) - составен од 4 лекари - специјалисти

Примарна стоматологија - составена од 14 лекари - стоматолози
стоматолошки амбуланти:
    - Маларична
    - ОУ “Христо Узунов”
    - ОУ “Климент Охридски”
    - градинка “Лихнида”

Избор на матичен лекар
Изборот на матичен лекар е сопствен избор на граѓаните, додека за децата на возраст до 14 години избор може да врши и родителот.

ЧЛЕН 19

Изборот на лекарот се врши со пополнување на изјава за избор на лекар на образец ИЛ-1 (Пријава за избор / Промена на лекар), кој е составен дел на овој правилник.
Изјавата од став 1 на овој член се потполнува во два примероци од кои едниот останува во здравствениот картон на осигуреното лице кај избраниот лекар, а другиот избраниот лекар го доставува до подрачната служба на Фондот.

ЧЛЕН 17

Секој избран лекар е должен да определи друг лекар од својата или од друга најблиска здравствена установа која врши иста дејност, кој ќе го заменува односно кој ќе му ги пружа здравствените услуги на осигуреното лице во случај на негова отсутност.
Избраниот лекар е должен да ја извести подрачната служба на Фондот за лекарот кој ќе го заменува.

ЧЛЕН 21

Изборот на лекар и заменикот на избраниот лекар се запишуваат во здраствената легитимација на осигуреното лице со втиснување на факсимилот со бројот на лекарот.

ЧЛЕН 22 ( став 1)

Избраниот лекар води евиденција за осигурените лица што го избрале.
Подрачната служба на Фондот води евиденција за осигурените лица според избраните лекари и нивните заменици и за промените на избраните лекари и нивните заменици.

ЧЛЕН 16

За децата осигурени лица до 14 годишна возраст, изборот на лекар може да го врши родителот односно старателот.
Матичниот лекар може да се промени и тоа:

ЧЛЕН 18

Избраниот лекар може да се промени во случај на:
1. престанок на работа на избраниот лекар;
2. промена на местото на живеење односно на работа на избраниот лекар или на осигуреното лице;
3. во други случаи по барање на осигуреното лице, односно лекарот.

ЧЛЕН 20

Промената на избраниот лекар се врши со пополнување на нов образец ИЛ - 1 како изјава за избор на лекар.
При промена на избраниот лекар, здравствениот картон се пренесува кај новоизбраниот лекар.
Одјавата и новата изјава за избор на лекар од став 1 на овој член новоизбраниот лекар ги доставува до подрачната служба на Фондот.

ЧЛЕН 21( став 2)

Промената на изборот на лекарот се запишува во здравствената легитимација по поништувањето на записот за претходниот избран лекар.

Контакт телефон на ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ- Охрид :
тел. :046/258-866
ЈЗУ "Здравствен Дом" - Охрид
Општа болница - Охрид
JЗО "Св. Еразмо" - Специјална болница за ортопедија и трауматологија
ЈЗО Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања - "Свети Стефан"

Настани

Апр 7 Светски ден на здравјето

Апр 7 Патронен празник на ОМУ Методи Патче

Апр 8 Меѓународен ден на Ромите

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©