Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Образование и наука :: Европски универзитет - Република Македонија
ОУ "Братство Единство" - Охрид
Европски универзитет - Република Македонија

ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 

Европски универзитет - Република Македонија е првиот приватен универзитет на подрачјето на Република Македонија кој рефлектира целосно нов и поинаков пристап кон студентите и кон стекнувањето знаења. Се нагласува индивидуалниот развој на секој студент, но во истовреме се внимава на тимското работење и се развиваат вештините за меѓусебно комуницирање.
Седиштето на Универзитетот е во Скопје, а во неговиот состав делуваат пет факултети:
     - Факултетот за економски науки;
     - Факултетот за информатика;
     - Факултетот за правни и политички науки;
     - Факултетот за применети европски јазици и
     - Факултетот за детективи и обезбедување имоти и лица.
Европскиот универзитет - Република Македонија за Факултетот за економски науки и за Факултетот за информатика отвори административно одделение во Охрид, сместено во центарот на градот на улица " Македонски просветители бб ". Бидејќи новиот образовен систем наметнува императив за создавање најсовремени просторни услови за изведување на наставата, располагаме со најсовремено опремен простор за настава од 2217 метри квадратни во кои се обезбедени 627 седишта за следење на наставата во една смена ( Амфитеатар со 120 седишта, 8 предавални - од 40 до 76 седишта, една компјутерска лабораторија со 27 компјутери), библиотека со читална, пет административни простории, приемен дел за странки, две простории за студентски прашања и апартман за престој на професори кои доаѓаат надвор од градот или државата.
Во моментов во одделението во Охрид се изведува настава за три генерации студенти од Факултетот за економски науки и за една генерација студенти на Факултетот за информатика.
Од студиската 2006/2007 година во склоп на универзитетот во одделението во Охрид ќе делуваат уште три факултети:
     -  факултетот за арт & дизајн;
     -  факултетот за комуникологија;
     -  факултетот за јавна администрација;
Административното одделение во Охрид на овие два факултети при Европскиот универзитет - Република Македонија обединува луѓе со различно академско образование понесени со силна желба своето знаење, но и своето лично богато искуство да го пренесат на студентите.

Подетални информации за условите при запишување и начинот на студирање на Европскиот универзитет можат да се добијат на следните телефони и адреси:
Македонски просветители б.б.
6000 Охрид Р.Македонија
тел: 046 / 284-284
факс: 046 / 284-285
e-mail: contact@eurm.edu.mk
Антон Попов б.б.
1000 Скопје Р. Македонија
тел: 02 / 2580-100
факс: 02 / 25520-400
e-mail: contact@eurm.edu.mk
Бакраческа Светлана
директор на админ. одд. Охрид
тел: 046 / 284-284, 046 / 284-264
моб: 075 / 455-902
факс: 046 / 284-285
e-mail: ingsvetlanab@yahoo.com
 

Настани

Апр 7 Светски ден на здравјето

Апр 7 Патронен празник на ОМУ Методи Патче

Апр 8 Меѓународен ден на Ромите

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©