Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Општински инспекторат
Архива на актуелни вести
Општински инспекторат
Комунална инспекција
контакт телефон: (046) 262-492 и 262-493

Согласно Законот за управување со отпади ("Сл.Весник на РМ" бр.68/2004), Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води ("Сл.Весник на РМ" бр.68/2004) и Одлуката за комунален ред на Општина Охрид ("Сл.Гласник на општина Охрид" бр.1/1998), Комуналната инспекција при локалната самоуправа врши:

       надзор и контрола на јавните претпријатија во општината;
       контрола на комуналните дејности:
- снабдување со вода за пиење;
- одведување на отпадни и атмосферски води;
- јавен градски и приградски превоз;
- одржување јавна чистота;
- одржување и користење на парковите, зеленилото и др.;
- одржување на улична сообраќајна сигнализација;
- одржување на гробови, гробишта и давање погребални услуги; одржување на јавно осветлување;
- одржување и користење на јавен простор за паркирање;
- вршење оџачарски услуги; вршење комунални услуги;
- отстранување и чување на непрописно паркирани возила;
- ерадикација на животни скитници;
- украсување на населени места;
- одржување на јавни санитарни јазли;
- аерозапрашување;
- дезинфекција и дератизација.

Согласно Правилникот за опрема на јавни пешачки површини врши контрола на уредувањето на јавните пешачки површини поради давање комерцијални услуги од страна на физички и правни лица.

Сообраќајна инспекција
контакт телефон: (046) 262-492 и 262-493

Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај ("Сл.Весник на РМ" бр.68/2004), врши контрола на:
       авто такси превоз на патници;
       општински линиски превоз на патници;
       посебен линиски превоз на патници што се врши на подрачјето
на општината.

Согласно Законот за јавни патишта ("Сл.Весник на РМ" бр.26/1996)
и Законот за изменување и дополнување на Законот за јавни патишта ("Сл.Весник на РМ" бр.68/2004):
       врши надзор на состојбата на локалните патишта и улици;
       во извршување на одредбите во овој Закон и условите на сообраќајот, примена на поблиските прописи, технички нормативи и стандарди при извршување на работата и употребата на материјалот при изградбата, реконструкцијата, одржувањето и заштитата на локалните патишта и улици на подрачјето на општината.

Градежна инспекција
контакт телефон: (046) 262-492 и 262-493

Согласно одредбите од Законот за градење ("Сл.Весник на РМ" бр.51/2005)
       врши непосреден инспекциски надзор;
       контрола и надзор над изградбата на градежни објекти на
територијата на целата спштина Охрид;
       води постапки, донесува решенија за стопирање и отстранување
на бесправно изградена градба;
       поднесува прекршочни и кривични пријави

Туристичка инспекција
контакт телефон: (046) 262-492 и 262-493

Согласно Законот за такса за привремен престој ("Сл.весник на РМ" бр.19/1996) и Законот за изменување и дополнување на Законот за такса за привремен престој ("Сл.Весник на РМ" бр.26/2002 и 51/2003), врши:
       контрола за таксата за престој кај сите објекти коишто се регистрирани за сместување на гости;

Согласно Законот за угостителска дејност ("Сл.Весник на РМ" бр.62/2004) врши:
       надзор на објекти од помал обем (куќи, апартмани, соби за
одмор, кампови);
     надзор на комплементарни објекти (ноќевалишта, гостилници,
кампови, приватни сместувачки капацитети, одморалишта, објекти за привремено сместување);
       надзор на угостителски објекти од помал обем регистрирани во Регистарот што го води градоначалникот на општината;
     надзор на угостителски конфекционирани објекти;
       контрола за издавање легла без договор со туристичка агенција или биро.

Согласно Законот за туристичка дејност ("Сл.Весник на РМ" бр.62/2004), врши:
       контрола на туристички објекти од помал обем, регистрирани во Регистарот што го води градоначалникот на општината;
       контрола над туристичките водичи и туристичките придружници;
       контрола на туристичките бироа;
       контрола врз објектите од помал обем за часовно време на работа пријавено во општината.


Настани

Мар 25 Годишнина од смртта на Методи Патче

Мар 31 Годишнина од смртта на Борис Чипан

Апр 7 Светски ден на здравјето

Календар на настани

Актуелни информации

ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА (ЛЕАП) ЗА ПЕРИОД 2019 - 2025


ОТЧЕТ 2018

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©