Во Статутот на општина Охрид, глава I Општи одредби, член 8 се менува и истиот гласи:
Грбот на Општината има три претстави: мал, среден и голем грб.
|
|
Малиот грб претставува основна хералдичка
форма на која се наоѓа само штитот со хералдичката
композиција. Основната хералдичка композиција се состои од
следниве елементи: На сино поле се наоѓа зелен рид на кој е
поставена сребрена ѕидина со две кули и со порта. Во
подножјето на ридот е претставена вода во која се наоѓа
златен едреник со сребрено едро и јарбол на едреникот, кој
завршува во тролисен крст. Содржината на малиот грб е основа
на сите три претстави.
.PDF 333 KB
.EPS 777 KB |

|
Средниот грб претставува поголема
хералдичка форма, во која на малиот грб му е додадена
рангова бедемска круна. На блазанот на малиот грб се додава:
Штитот е крунисан со златна бедемска круна со три кули,
средната од нив со порта. Дијадемата е украсена со
македонски рубини и охридски бисери.
.PDF 356 KB
.EPS 869 KB |

|
Големиот грб е најсвечената форма, односно
претстава на грбот во која на средниот грб е додаден дабов
венец со лента. Печатот на општината да се усогласи со грбот
на општината.
.PDF 1.5 MB
.EPS 33.4 MB |

|
Општината има знаме во сина боја.
Знамето е изработено по вексилолошки и хералдички принципи.
По својата содржина тоа е засновано на дел од композицијата на малиот грб, но никако не претставува целосна негова копија.
Знамето претставува стег со сооднос на страните 2 : 3.
.PDF 820 KB
.EPS 1.2 MB
|

|
- Начинот на употреба на грбот и знамето е регулиран
со посебен
ПРАВИЛНИК
|
|
|