Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Образование и наука :: ОУ "Св.Климент Охридски"
ОУ "Братство Единство" - Охрид
ОУ "Св.Климент Охридски"
Адреса: "Климентов конак" бб.

Tелефон   046-260-212
факс:
        046-260-244
веб: www.svetiklimentohridski.edu.mk
e-mail: svklimentohridski108@yahoo.com

110 годишен јубилеј (84KB)

Основното училиште "Св. Климент Охридски" - Охрид е најстарото основно училиште во Охрид. Формирано е во 19 век и својата богата педагошка традиција настојува да ја чува и негува и во современи услови. Поминувајќи низ различни историски периоди, училиштето опстојуваше и беше расадник на многубројни генерации од кои многу поединци оставија длабоки траги во различни сфери на општествениот живот во градот, Република Македонија и пошироко: во областа на науката, културата, образованието, уметноста итн.

           
Стара училишна зграда од 1898                             Нова училишна зграда од 1980

Денес училиштето ја остварува воспитно-образовната дејност во централното училиште лоцирано во стариот дел на градот и подрачното училиште во населбата Далјан за одделснка настава. Тоа е прво училиште во Р. Македонија кое организира настава во болнички услови, поточно во Специјалната болница "Св. Еразмо" за деца кои подолго време се наоѓаат на лекување. Ова е единствено училиште во општината кое е верифицирано за изведување на воспитно-образовна работа за деца со посебни образовни потреби од 1967 година. Денес тоа претставува пример за вклучување на учениците со пречки во психо-физичкиот развој во живот и работата со останатите ученици, негувајќи вредности какви што се почитување на различности, толеранција, хуманост и алтруизам. ОУ „Св. Климент Охридски“ е единствено училиште кое задолжителната настава ја изведува во една смена и со тоа ги исполнува европските стандарди за реализација на наставата. Училиште го посетуваат вкупно 360 ученици, а наставата се изведува на македонски наставен јазик. Се изучуваат англискиот и францускиот јазик. Училиштето е опремено со модерна опрема, современа образовна технологија, има фискултурна сала, амфитеатар, кујна, има организиран продолжен престој и чуварска служба. Наставата се изведува со примена на современи техники и стратегии за учење, приомена на ИКТ во наставата, се применува формативно оценување. Од вкупно 50 вработени, во воспитно-образовната работа во училиштето вклучени се 39 лица.

Мисија:
НАШЕТО УЧИЛИШТЕ Е ЕДИНСТВЕНО УЧИЛИШТЕ ВО КОЕ НАСТАВАТА СЕ РЕАЛИЗИРА ВО ЕДНА СМЕНА, СО ПРОДОЛЖЕН ПРЕСТОЈ ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ.
ТОА Е ЗЕЛЕНО, ЕКО-УЧИЛИШТЕ СМЕСТЕНО ВО СРЦЕТО НА СТAРИОТ ОХРИД ПОМЕЃУ НЕБЕСКОТО И ЕЗЕРСКОТО СИНИЛО. ВО НЕГО СЕ ПОТТИКНУВА РАЗВОЈОТ НА ЕКОЛОШКА СВЕСТ И ЕКОЛОШКО ОДНЕСУВАЊЕ КАЈ УЧЕНИЦИТЕ, ВРАБОТЕНИТЕ И ГРАЃАНИТЕ.
ОПТИМАЛНИОТ БРОЈ НА УЧЕНИЦИ ВО ПАРАЛЕЛКА НИ ОВОЗМОЖУВА НА СЕКОЈ УЧЕНИК ДА МУ ПОСВЕТИМЕ ЦЕЛОСНО ПЕДАГОШКО ВНИМАНИЕ И СТРУЧНО ДА ГО ПОТТИКНУВАМЕ РАЗВОЈОТ НА НЕГОВИТЕ ПРИРОДНИ ДАРБИ.

 - СПОЈ НА ТРАДИЦИЈАТА И СОВРЕМЕНОСТА: ОУ „СВ. КЛИМЕНТ  - ОХРИДСКИ“ – ОХРИД
 - ЕКОЛЕНД - ОУ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – ОХРИД
 - ДА ЈА ДООРАМЕ КЛИМЕНТОВАТА БРАЗДА
 - ЧЕКОР ПО ЧЕКОР ДО КРЕАТИВНОСТА
  - НАЈЧИСТО, НАЈЗЕЛЕНО, НАЈУБАВО,...,НАЈЕКО УЧИЛИШТЕ: ОУ
 - „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – ОХРИД

Визија:
НАШЕТО УЧИЛИШТЕ ЌЕ БИДЕ ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА УЧЕНИЦИ И НАСТАВНИЦИ ВО КОЈ ЌЕ СЕ ВОСПОСТАВАТ ВИСОКИ ОБРАЗОВНИ СТАНДАРДИ КАКО КОНТИНУИТЕТ НА КЛИМЕНТОВАТА ДОКТРИНА. УЧИЛИШТЕТО ЌЕ БИДЕ РАСАДНИК НА ТАЛЕНТИ, ПРЕКУ АФИРМАЦИЈА НА СЛОБОДНИТЕ УЧЕНИЧКИ АКТИВНОСТИ УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ ГО ПОМИНУВААТ СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ НА ОРГАНИЗИРАН НАЧИН ВО УЧИЛИШТЕТО. УЧИЛИШТЕТО ЌЕ БИДЕ ЧИСТА, ЗДРАВА И И ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДЕНА СРЕДИНА ЗА УЧЕЊЕ. ВО НЕГО ЌЕ СЕ ДОСТИГНАТ СИТЕ ЕКО-СТАНДАРДИ.

Мото:
НИЕ ИМАМЕ ВРЕМЕ ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК

Проекти:

Училиштето од учебната 2010/2011 година стана член на големото семејство на еко- училишта кои ја реализираат Програмата за интеграција на заштита на животната средина во воспитно-образовниот процес во училиштето

Една од стратешките цели на нашето училиште со чија реализација ќе отпочнеме во учебната 2010/2011 година е нашето училиште да се здобие со статус Еко - училиште. Денес светот незапирливо се движи кон трагичниот момент на самоуништување заради што човештвото во иднината ќе се запраша зошто ништо не било сторено навреме. Поради тоа е важно да расте граѓанската свест за важноста на секој поединец кој може да го даде својот придонес во менувањето на односот кон животната средина, кон општеството и кон светот. Во тоа движење, кое во Република Македонија го води НВО ОХО подржана од МОН, се вклучува и нашето училиште. Активностите кои ќе се спроведуваат во идната 2010/2011 година, како и во наредните години, со продолжение на програмата која веќе беше спроведувана во училиштето и во претходниот период под закрила на ОХО под име „Немаме резервна планета“.
Со влегување на нашето училиште во големото семејство на еко-училиштата сакаме кај учениците, наставниците, техничкиот персонал, родителите, и сите други вклучени директно или индиректно во училишната заедница да отвориме нов прозорец кон светот, да делуваме врз нивната свест и нивното однесување кон животната средина и да овозможиме оваа програма да стане реалност. И не само тоа, оваа програма има цел стекнатото знаење за животната средина да се примени во пракса, во секојдневниот живот. Со реализација на оваа програма учениците треба да стекнат активна и одговорна улога која ќе ја практикуваат во училиштето, во домот, но и во својата заедница и пошироко.
Со оглед дека оваа програма ја реализираат околу 20 000 училишта од 52 земји во светот ќе имаме можност да се запознаеме со многу училишта кои работат кон постигнување на истата цел, да разменуваме искуства, идеи и со тоа да дадеме својот придонес кон светските напори за зачувување на планетата Земја. Една од главните цели на оваа програма е вклучување и активната улога на учениците како и соработка на училиштето со локалната заедница, родителите, бизнис секторот, медиумите и сите други фактори од заедницата. Таа е демократска интерактивна програма која им нуди одлична можност на учениците да научат за активно граѓанство во училиштето. r> Еко - училиште е училиште кое ја усвоило заштитата на животната средина како една од основните вредности во своето управување,едуцирање и делување. За таа цел веќе постои дизајнирана меѓународна програма со која се охрабруваат активностите на полето на животната средина за целото училиште.
Процесот да се стане еко - училиште е сеопфатен и функционира на начин на кој се вклучува целото училиште, учениците, наставниците и останатиот персонал, заедно со членовите на локалната заедница, родителите, локалните власти, медиумите и локалната бизнис заедница. Со него се охрабрува тимската работа како и заедничкото разбирање за тоа што е потребно да се води училиште на начин на кој се почитува и подобрува животната средина.

Нашата еколошка програма има посебно мото, визија и мисја.
Мото: -Време е за зелени идеи-
Визија: Нашето училиште - еколошка оаза на охридското Кале
Мисија: Ние сме амбасадори на еколошката свст, одиме по патот на љубовта , взаемно разбирање и почит кон сите суштества во природата, непосредната животна средина и нашата планета Земја.

И оваа година, како што налага традицијата, училиштето ги пречека првачињата со раширени раце, свечена програма и со нешто благо. Програмата ја подготвија учениците кои сега се во IV одделение со својата наставничка Виолета Илиевска. Директорката Славица Илиќ им посака добредојде на сите, но најпрвин на првачињата. Таа кажа: „Обично е ред, кога ќе ви дојдат гости да се поздрават најпрвин постарите. Меѓутоа денес јас ќе почнам обратно. Драги деца, драги наши првачиња, денес вие сте најважни. Од денес отпочнува нов дел во вашите животи, пред вас има толку нови нешта. Во нашето училиште ве очекуваат некои нови убавини, знаења, петки, љубови... прво одделение. Драги родители, денешниот ден не е обичен ден. Сите важни настани ги обележувате со вашите семејства, роднини и пријатели на посебен начин, па така направите и денес. Направите некој добар ручек, торта, нешто што вашето дете најмногу го сака и уживајте со него. Вашите деца имаат важен задаток, да стекнуваат нови знаења, вештини, да се приспособуваат кон нови ситуации. Овој пат на кој денес тргнувате со вашите деца е пат на растење. На тој пат нема да биде лесно. Немојте да се лутите доколку вашите деца понекогаш се сопнат на тој пат. Се може да се надмине со вашата подршка, разбирање и љубов. Не заборавите дека тие се исти оние деца на кои им е потребно другарување, игра, одмор како и досега, а не само учење и успех во учењето. Драги првачиња, нека училишните денови ви бидат убави, шарени и весели. Нека вашите тетратки бидат исполнети и украсени со вашите први цртежи, коси тенки, први букви...а срцата исполнети со среќа.
Нашето училиште многу, многу ви се радува и ви поскува среќен почеток!“
Меѓу гостите беа и Томислав Тунтев, советник во општина Охрид и Сашо Алач, директор на „Комуналец“. Нив директорката ги претстави како драги пријатели на училиштето, родители, соседи и бивши ученици. Томилсав Тунтев ги поздрави првачињата и притоа евоцираше спомени од училишните денови. Инаку оваа учебна година во I одделение се запишаа 41 ученик не сметајќи ги учениците кои се на лекување во ПУ „Св.Еразмо“ (на болничко лекување). Бројот на учениците се зголемува што посебно не радува. Во 2009/2010 број на првачињата запишани во нашето училиште изнесувал - 33, а во 2008/2009 - 28.

Во текот на летниот период, додека учениците беа на распуст, училиштето се реновираше. На 01. Септември учениците ги пречекаа реновирани училници во предметна настава во кои се пуштија косите плафони и замнети сијалици, а ходниците обоени и декорорани.
Плафоните пред и по реновирањето


Од многубројните проекти што се реализираат во нашето училиште ќе ги наведеме само неколку: "Чекор по чекор", "Со читање и пишување до критичко мислење", „Креативна настава и учење“, „Модернизација на образованието“ и др. Во последните години вклучени сме и во меѓународни проекти кои на учениците и наставниците им овозможуваат посета на училиштата во други држави и размена на искуства и идеи. Тоа се проектите „Култура без граници“ и УНЕСКО проект „Корени и крилја“. Од оваа, 2010 година, училиштето влезе и во мрежа на Зелени училишта во рамките на ЕКО проекти кои се реализираат во Р. Македонија.


Котор, мај 2008, УНЕСКО камп Корени и крила

Училиштето настојува да гради мостови на културна соработка со училиштата во регионот и Европа и засега во неговата мрежата на партнерските училишта се: ОУ „Христијан Тодороски Карпош“ – Скопје, Laystrasse 34 - Виена, Австрија, ОШ „Народни херој Саво Илиќ“ - Котор, Црна Гора, ОШ „Милош Црњански“ – Белград, Србија, ОШ „Цирила Космача“ – Пиран, Словенија.


Виена, септември, 2008, проект Култура без граници


Традиционална охридска игра Билјана платно белеше испратена како видео материјал во училиштата во Австрија, Србија и Црна Гора во рамките на проектот Култура без граници – Повеќе од зборови


Презентација на традиционална македонска храна на УНЕСКО камп во Пиран во септември 2009

 

Котор, јуни 2010, средба на менторите во проектот Култура без граници


Тимот на нашето училиште од 19 до 25 септември 2010 учествуваше на УНЕСКО камп во Пиран кој се одржа под мотото СИНО-МОДРА ХАРМОНИЈА. Нашиот тим се претстави со традиционални охридски песни и македонски ора, а го сочинуваа 4 ученици и 2 наставници-ментори.

Награди и признанија:
Во текот на своето постоење училиштето и нашите ученици добиле голем број награди и признанија. Најважните награди и признанија доделени на училиштето се: Орден за заслуги на народ со златна ѕвезда од Ј.Б. Тито во 1975 год.; 7-Ноемвриска награда на општина Охрид (1976 год.); Златно климентово слово (општинско признание 1978 год.); 8-декемвриска награда "Св.Климент - патрон на Охрид" како највисоко општинско признание 1998 год. По повод 100-годишнината на училиштето добиена е телеграма со честитки од тогашниот претседател на Р. Македонија Киро Глигоров. Учениците од оваа училиште ги украсија витрините во училиштето со многубројни награди од регионалните и државните натпревари. Нови генерации ја продолжуваат оваа традиција.

Директор на училиштето Славица Илиќ

ОМУ "Методи Патче"
ОУ "Братство-eдинство"
ОУ "Ванчо Николески"
ОУ "Григор Прличев"
ОУ "Живко Чинго"
ОУ "Кочо Рацин"
ОУ "Св.Климент Охридски"
ОУ "Св.Наум Охридски"
ОУ "Христо Узунов"

Настани

Јул 3 Св. Наум Охридски Чудотворец

Јул 6 Балкански фестивал

Јул 12 Охридско Лето

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©