Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Образование и наука :: ОУ "Кочо Рацин"
ОУ "Братство Единство" - Охрид
ОУ "Кочо Рацин"
Адреса: "130" бр.24 - Охрид
Тел-факс: 046-255-537
E-mail: koco_racin_oh@yahoo.co.uk

Мото: "Дојдете и за миг ѕирнете во нашата секојдневна работа, ќе заборавите на надворешниот лик на училиштето".

ОУ "КОЧО РАЦИН" - Охрид, има статус на самостојно основно училиште. Училиштето е од развиен тип и во него се образуваат и воспитуваат ученици од подготвителна до осмо одделение.
Училиштето "КОЧО РАЦИН" - Охрид го сочинуваат централното училиште лоцирано во населбата "Радојца Новичиќ" - Охрид на ул."130" бр.24 и подрачно училиште лоцирано во с. Д.Лакочереј.

Централното училиште ги опфаќа учениците кои живеат на следниве улици: "Будва", "130", "Р.Новичиќ", "Винковачка", "Петрино", "Српница", "15-ти Корпус", дел од улицата "Железничка", "Кленоец", "Прилепска", "6-та Бригада", "Александар Турунџиев", "Веле Марко", "28-ми Април", "Ѓорѓи Сугаре".

ОУ "КОЧО РАЦИН" - Охрид е изградено во 1980, година а како самостојно е регистрирано со решение бр. 13-192 , на 13.01.1986 година на Секретаријатот за вонстопански дејности при Собранието на општина Охрид.
Подрачното училиште во с.Д.Лакочереј е лоцирано во истоимената средина и ги опфаќа учениците од М.З Г.Лакочереј, М.З Д.Лакочереј и М.З Орман. Во него се едуцираат ученици од подготвителна година до осмо одделение со по една паралелка.
Подрачното училиште во с.Д.Лакочереј е изградено во 1963г. и е во состав на ОУ "КОЧО РАЦИН" - Охрид.

Број на ученици: При осамостојувањето е околу 750 ученици заедно со учениците од подрачното училиште во 24 паралелки.Подоцна се оформени и паралелки за забавишна група.
Денешен профил на училиштето: Бројот на ученици е 516 од кои 412 се во централното и 104 ученици во подрачното училиште од кои :

     подготвителна група-три паралелки
     I одделение - три паралелки
     II одделение - две паралелки
     IIIодделение - три паралелки
     IV одделение - две паралелки
     V одделение - три паралелки
     VI одделение - три паралелки
     VII одделение - три паралелки
     VIII одделение - три паралелки
     комбинирана паралелка (II3 и IV3одд.) - една паралелка

Наставен кадар: 11 наставници во одделенска настава, 3 воспитувачи во подготвителна настава, 16 наставници во предметна настава вклучително со директорот, 6 наставници кои дополнуваат од други училишта, 2 стручни соработници(педагог, психолог). Воспитно-образовната работа ја реализира соодветно оспособен стручен кадар.

Директори на училиштето од основање до денес:
Недески Благоја, Ангелоски Лазо , Јевтовиќ Лидија.

Материјални услови во кои работи училиштето:
При основањето училиштето како подрачна единица на ОУ "ХРИСТО УЗУНОВ" работело во импровизирани простории во населбата "Радојца Новичиќ", користејќи простор во семејна куќа на локалното население и простор во Младинскиот Дом, во месната заедница, во која била сместена една паралелка.

Денес наставата во централното училиште се изведува во две училишни згради во кои има; 8 училници , 1 занималана за подготвителна настава , библиотека, наставничка канцеларија, канцеларија за стручните соработници, 2 простории за административно-техничкиот персонал, кујна, трпезарија, а од 2005 година и кабинет по информатика.
Подрачното училиште работи во комплетно реновирани простории со 8 училници, 1 занимална за подготвителна настава,библиотека и две простории за помошен персонал.Исто така поседува и просторија во која е сместена котларницата.
Училиштето нема кабинетска настава, а централното училиште сè уште се загрева со огревно дрво.

Реализација на воспитно-образовната дејност:
Училиштето во текот на своето работење, благодарение на своите вработени се обидува да го следи образованието , прифаќајќи ги сите негови текови и модификации и давајќи приоритет на тимска работа кои ги бара времето во кое живееме, со адаптирање на наставата и наставните планови и програми на трендот на модернизирање на образованието, а со тоа овозможувајќи му на младиот човек со своите знаења да му пркоси на времето кое од него бара едуцираност и квалитет за да може утре успешно да се вклучи во европските трендови на живеење.

Обележја на училиштето:
Училиштето го слави својот патронен празник на 22 декември, во чест на својот патрон,Кочо Рацин (смртта на поетот), а по тој повод традиционално го издава и училишниот весник "Мугри". По повод овој датум, нашето училиште е збратимено со : ОУ "Кочо Рацин" Прилеп, ОУ "Т.Велков-Пепето" од Кавадарци и ОУ "Кочо Рацин" с. Подареш.

Награди и признанија:
Училиштето во своето работење има учествувано на бројни манифестации и натпревари со освоени многубројни први награди, пофалници и благодарници кои го красат холот на училиштето, како за најсоодветна афирмација на училиштето во рамките на нашата општина, нашата земја , а воедно и во меѓународни рамки.
Учениците и денес континуирано учествуваат на републички, сојузни и меѓународни конкурси со свои творби, а нашиот наставен кадар со свои трудови континуирано го следи трендот на перманентна едукација во текот на својот работен век, со учество на бројни семинари и континуирана соработка со списанието на просветните работници на Р.Македонија, "Просветен Работник". Континуирано се соработува со училишта во Р.Македонија и надвор од неа, преку интерни семинари.

Она што го издвојува училиштето во меѓународни рамки:
2005 - Добиена е специјална Гран-при награда на ниво на Р.Македонија, за четири континуирано освојувани први награди, за најдобра колекција на ликовни творби.
2005 - Учество на Европското првенство во Цирих - Швајцарија, на Меѓународен натпревар на пионерски семафор.
2005 - Учество на Европско првенство во Сараево-Босна, на Меѓународен натпревар на пионерски семафор.
ОМУ "Методи Патче"
ОУ "Братство-eдинство"
ОУ "Ванчо Николески"
ОУ "Григор Прличев"
ОУ "Живко Чинго"
ОУ "Кочо Рацин"
ОУ "Св.Климент Охридски"
ОУ "Св.Наум Охридски"
ОУ "Христо Узунов"

Настани

Сеп 8 Ден на независноста на РМ

Сеп 21 Меѓународен ден на мирот

Сеп 22 Меѓународен ден без автомобили

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©