Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Образование и наука :: ОУ "Ванчо Николески"
ОУ "Братство Единство" - Охрид
ОУ "Ванчо Николески"
Мисија: "Oбезбедување квалитетно и современо воспитание и образование за учениците од 6 до 15 години, преку реализација на постоечките наставни планови и програми, и оспособување на учениците за успешно продолжување на понатамошното образование и вклопување во животот воопшто."

Мото: "НАПРАВИ ГО СВЕТОТ ПОДОБАР. ПОЧНИ ОД СЕБЕ."

Слогани: "Образованиот човек е двигател на општеството."
                  "Почитувај за да бидеш почитуван."
                  "Знам, значи постојам."

Во близина на центарот на Лескоец, опкружено со заграден и уреден простран училиштен двор, се наоѓа училишната зграда од О.У. "Ванчо Николески".
О.У. "Ванчо Николески" до 1995 г. беше подрачно училиште на ЦОУ "Коле Неделковски" од с.Велгошти. Од 1995г. училиштето опстојува како самостојно се до учебната година 2004/05, кога кон училиштето се припојува О.У. "Гоце Делчев" од с. Косел, со подрачните паралелки во Косел, Куратица и Вапила.

Во централната училишна зграда во Лескоец наставата ја следат вкупно 316 ученици, кои се распределени во 16 чисти паралелки од I до VIII одд. и една подготвителна група со 20 ученици. Сите ученици по национален состав се Македонци и наставата се одвива на македонски јазик. Воспитно-образовната работа ја изведуваат 8 одделенски наставници, еден воспитувач за подготвителна настава и 16 предметни наставници и професори. Наставата се одвива во 2 смени и тоа: претпладневната смена со работа започнува во 7:30 часот, а попладневната во 12:30 часот за предметна настава и 13:30 часот за одделенска настава.

Подрачното училиште во с. Косел со својата воспитно-образовна дејност го покрива подрачјето што ги опфаќа учениците кои подлежат на задолжително основно образование од селата: Косел, Вапила, Ливоишта, Сирула, Расино, Опеница, Речица, Плаќе и Завој.

Вкупниот број на ученици кои посетуваат настава во училишната зграда во Косел е 80. Овде одделенската настава е комбинирана (прво и трето, второ и четврто), а учениците од предметна настава учат во "чисти" паралелки. Исто така два дена во неделата (понеделник и среда), работи и една подготвителна група со 4 ученици по скратена наставна програма. Наставата во П.У. во Косел ја изведуваат еден воспитувач за подготвителна година, 2 одделенски наставници и 10 предметни наставници и професори. Во ова училиште наставата се изведува само во една смена и тоа претпладневна, а започнува во 7:15 часот.

Подрачната паралелка во с. Вапила со својата воспитно-образовна дејност ги опфаќа учениците од селата Вапила, Ливоишта и Сирула. Во П.П. во Вапила настава посетуваат вкупно 10 ученици, од кои 8 се во една комбинирана паралелка од I - IV одд., а 2 ученика се во подготвителна група. Подготвителната настава се одвива еднаш неделно (петок) по скратена наставна програма. Одговорни за воспитно-образовната работа во П.П. во Вапила се: 1 одделенски раководител и 1 воспитувач за подготвителна настава. Овде наставата се изведува само во една смена - претпладневна, а започнува во 8:00 часот.

Подрачното училиште во с. Куратица со својата воспитно-образовна дејност го покрива подрачјето само на ова село. Наставата ја посетуваат вкупно 22 ученика, распоредени во една комбинирана паралелка од I до IV одд. и 4 чисти паралелки од V до VIII одд. Во П.У. во Куратица исто така функционира скратена подготвителна настава со 4 ученици, два пати во неделата (вторник и четврток). Воспитно-образовната дејност во П.У. во Куратица ја изведуваат 1 воспитувач за подготвителна настава, 1 одделенски раководител и 10 предметни наставници и професори. Овде наставата се изведува само во една смена - претпладневна, а започнува во 8:00 часот.

Вкупниот број на ученици на ниво на О.У. "Ванчо Николески" е 402. Според националниот состав сите 402 ученици се Македонци и целокупната настава се одвива на македонски јазик.
 
ОМУ "Методи Патче"
ОУ "Братство-eдинство"
ОУ "Ванчо Николески"
ОУ "Григор Прличев"
ОУ "Живко Чинго"
ОУ "Кочо Рацин"
ОУ "Св.Климент Охридски"
ОУ "Св.Наум Охридски"
ОУ "Христо Узунов"

Настани

Мај 1 1/ви Мај - празник на трудот

Мај 7 Ден на Службата за безбедност

Мај 9 Ден на победата над фашизмот и Ден на ЕУ

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©