Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Образование и наука :: ОУ "Христо Узунов"
ОУ "Братство Единство" - Охрид
ОУ "Христо Узунов"
Адреса: "Питу Гули" бр.128
Tел./факс: 046/266-640
E-mail: ouhuzunov@yahoo.com

ОУ "Христо Узунов" започна со работа на 07.11.1977 год. Лоцирано е на ул. "Питу Гули" бр.128 во населбата Горна влашка маала. Распространето е на површина од 4165,45м2.

Училиштето располага со:

- 3 училници за прво одделение;
- 10 училници за одделенска настава;
- 2 простории за дневен престој;
- 11 кабинети за предметна настава;
- 1 современо опремен кабинет по информатика;
- 1 просторија за Совет на родители;
- библиотека со читална и фонд од 19 060 книги;
- фискултурна сала и игралиште;
- сала за приредби и просторија за хор и оркестар;
- кујна и трпезарија;
-Просторија медијатека/кинотека;
- Кабинет по информатика за одделенска настава


Во училиштето работат 59 наставници од кои 4 магистар на науки, 49 со високо и 6 со вишо образование.
Учениците се распоредени во 40 паралелки од прво до деветто одделение.
Наставата се одвива во две смени. Три први одделениа,II, IV, VI и VIII учат во една смена а две паралелки од прво одделение, III, V, VII и IX учат во друга смена. Во училиштето функционира и продолжен престој кој работи од 7 и 30 до 16 и 30 часот.
Од шесто до деветто одделение предметите се изведуваат на принцип кабинетска настава. Англиски јазик се изучува од прво одд., а втор странски јазик (германски или француски) од шесто одд. Изборни предмети се проекти од информатика, ТО, Вештини за живеење, Творештво и Работа со компјутери.
Покрај редовната настава во училиштето работат најразлични секции како што се: математичка, драмска, литературна, рецитаторска, хемиска, англиска, спортска, ликовна, историска, географска, физичка, играорна, планинарска и др. На патрониот празник, кој се слави на 24 април, излегува од печат училишниот весник "Илинденска искра".


Училиштето е водечко во општината и по бројот на опфатените ученици и по квалитетот на изведувањето на наставата.

Добитник е на многу награди:

- Седмоноемвриска награда (1978 год.)
- Златно климентово слово;
- Курирот Јовица од Сојузната пионерска организација на поранешна Југославија;
- Златна плакета од "Политикин час";
- Климентова повелба за особен придонес во подемот на општина Охрид во 2004 год. во областа на образованието.

ОМУ "Методи Патче"
ОУ "Братство-eдинство"
ОУ "Ванчо Николески"
ОУ "Григор Прличев"
ОУ "Живко Чинго"
ОУ "Кочо Рацин"
ОУ "Св.Климент Охридски"
ОУ "Св.Наум Охридски"
ОУ "Христо Узунов"

Настани

Апр 7 Светски ден на здравјето

Апр 7 Патронен празник на ОМУ Методи Патче

Апр 8 Меѓународен ден на Ромите

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©