Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Образование и наука :: ОУ "Св.Наум Охридски"
ОУ "Братство Единство" - Охрид
ОУ "Св.Наум Охридски"
Основното училиште "Св. НАУМ ОХРИДСКИ" село Пештани - Охрид во чиј состав работат три подрачни четиригодишни училишта во село Коњско, с.Елшани и с.Трпејца се наоѓа на југоисточната страна на Охридското Езеро оддалечено 12 км од Охрид. Училиштето ги опфаќа сите училишни обврзници од наведените места и училишните обврзници од с.Љубаништа.

Првото училиште во селото е отворено во 1876 г. Тоа било 4-класно училиште, зависно од Егзархијата, а било водено од учителот Ристо Дуле по потекло од Охрид. Учењето се одвивало во многу примитивни услови во една мала просторија во црквата. Од 1912 до 1915 година преминало во српско, од 1915 до 1918 година во бугарско и од 1918 до 1941 година повторно во српско училиште.

По ослободувањето во 1944 година е отворено првото македонско училиште со македонски наставен јазик, кое прво работело како 4-годишно, а по 1957 година како 8-годишно созадолжително учење на децата од 7 до 14 години. Старата училишна зграда беше изградена во 1932 година и во неа се изведуваше настава до 1994 г. Од 1994 г. до денес цели 11 години наставата се одвива во нова, модерна училишна зграда. Во оваа училишна зграда условите за работа се значително добри. Работат чисти паралелки при што секое одделение од одделенска настава има матична училница. Во предметна настава, наставата се изведува кабинетски така што секој предмет има матична училница и сопствен кабинет.

Училиштето располага со 8 училници за учениците од 5-то до 8-мо одделение, 4 училници за учениците од 1-во до 4-то одделение, еден опремен кабинет по предметот информатика и една занимална за учениците од подготвителната група. Останатиот простор од училиштето припаѓа на сопствените кабинети по одделни предмети и административните простории (канцеларии). На југозападниот дел од училиштето се наоѓа игралиште кое не ги задоволува стандардите, а на кое се изведуваат часовите по физичко и здравствено образование само во пролетниот и есенскиот период, т.е. кога дозволуваат временските услови.

Опременоста со наставни средства и други технички помагала во голем дел не ги задоволува нормативите и критериумите за извршување на воспитно-образовниот процес, но се прават напори состојбата да се подобри.

ОМУ "Методи Патче"
ОУ "Братство-eдинство"
ОУ "Ванчо Николески"
ОУ "Григор Прличев"
ОУ "Живко Чинго"
ОУ "Кочо Рацин"
ОУ "Св.Климент Охридски"
ОУ "Св.Наум Охридски"
ОУ "Христо Узунов"

Настани

Апр 7 Светски ден на здравјето

Апр 7 Патронен празник на ОМУ Методи Патче

Апр 8 Меѓународен ден на Ромите

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©