Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Образование и наука :: ОМУ "Методи Патче"
ОУ "Братство Единство" - Охрид
ОМУ "Методи Патче"
Адреса: "Никола Карев" бр.4 - Охрид
Тел./факс: 046 269-139
Е-mail: mpatce@mt.net.mk

ОМУ "Методи Петче" - Охрид е основано на 20.07.1963 год. со решение бр.01-10236 на Општинското собрание - Охрид, а е регистрирано на 05.01.1964год. во регистарската книга на стр.4-5 ред.бр.2. Со редовна настава почнува на 01.02.1964 година.

При основањето ангажирани се стручни кадри: директор-наставник со ВПШ, два стручни учители со ССС во редовен работен однос и три наставници хонорарно ангажирани од редовите на Воениот оркестар при гарнизонот на тогашната ЈНА од Охрид.

Оддели при основањето: клавирски, гудачки и дувачки.

Број на ученици при основањето: вкупно ученици 171 од кои, 83 во подготвителна година, 44 по виолина, 25 по пијано, 9 по кларинет, 6 по труба и 4 по виолончело (наставата по виолончело е прекината поради немање наставен кадар)

Список на сите директори на училиштето од основањето до сега:
Гаврилоски Наум, Орачев Димитри, Илиевски Ѓорги, Наумовски Рубенс и Димески Петар.

Денешен профил на училиштето:

Број на ученици: вкупно 237 од кои: пoдготвителна година 44, пијано 85, виолина 64, флејта 23, кларинет 19 и виолончело 2.

Наставен кадар: 14 наставници, вклучително и директорот, од кои по предметот пијано 5, по предметот виолина и виолончело 5, по предметот флејта 1, по предметот кларинет 1 и 2 по предметите солфеж со елементарна теорија на музиката, или 10 наставници со ВСС, 3 со ВШС и 1 (договорно) со ССС.

Награди и признанија:
Покрај бројните благодарници и признанија за соработка со општесвено-политички организации во 1982 година училиштето има добиено Седмоноемвриска награда на Општина Охрид - Златна плакета - Признание за особено значајни остварувања во областа на просветата од посебен интерес за општината Охрид. За постигнувања со сведочени вредности, што претставува особено висок домен во областа на општествените дејности.

Како училиште континуирано од 1978 год. до денес, наши ученици учествуваат на републичките, сојузните(во поранешна СФРЈ) како и на меѓународни конкурси и фестивали, а ги имаат освоено следните награди:
     - Републички: 3 прва специјална, 21 први, 25 втори, 32 трети, 30 пофалници и 4 дипломи за учество;
     - Сојузни: 2 втори, 5 трети, 3 пофалници и 1 диплома за учество и
     - Меѓународни: 1997 год. во Рим на конкурсот "Валентино Буки" дуо пијано освои 1 втора награда и 1 диплома.

1997 год. во Софија на конкурсот "Музиката и земјата" - дуо пијано освои една специјална награда за најмлади учесници на конкурсот, една специјална за изведба на композиција со еколошка тематика и една трета награда.
1998 год. во Париз на конкурсот "Николај Рубинштајн" - освоени: една прва и две втори награди.
2001 год. во Ваљево на "Третиот фестивал на флејтисти" освоено: една прва и една втора.
2002 год. во Стара Загора НРБ на конкурсот за дувачки инструменти "Класика и современост" по флејта освоено е прво место и Златна медалја.
2002 год. на Првиот меѓународен натпревар "Охридски бисери" - Охрид, освоени се: една трета, една пофалница и една диплома по виолина и една диплома по пијано.
2003 год. на Вториот меѓународен натпревар "Охридски бисери" - Охрид, освоени се: една трета награда и две пофалници по флејта.
2004 год. на Третиот меѓународен натпревар "Охридски бисери" - Охрид, освоени се: 2 пофалници по виолина
2005 год. во Пожаревац СЦГ на Вториот натпревар на дрвени дувачи, освоено е една втора награда по флејта.

Материјални услови во коишто сега работи училиштето:
При основањето училиштето работело во 4 простории со 4 пијанина, 63 виолини, 9 кларинети, 6 труби и 3 тромбони.
Денес: училиштето работи во зграда од тврда градба со корисна површина од 697 м2 и уреден двор од 3422 м2.
Наставата се изведува во 11 кабинети за индивидуална настава, 2 училници за групна настава како и мала сала за концертирање со околу 100 седишта и 7 простории за наставно-административно-технички персонал. Училиштето има сопствен систем (парно на нафта) за затоплување.

Инструментариум: 12 пијанина, 2 полуконцертни пијанина, 96 виолини, 7 виолончела, 2 кларинети и 5 флејти.

Во училиштето, во соработка со "Охридско лето" и Музичка младина на Македонија, секоја година во летниот период се организира "Музички камп" кој е проследен со семинари по пијано, виолина, виолончело, камерна музика и др. со еминентни професори од тие области.
Училиштето во соработка со Здружението на музички и балетски педагози на Македонија и EMCY (European Union of Music Competitions for Youth) е организатор на Меѓународниот натпревар за млади музичари "Охридски бисери" - Охрид, кој се одржува секоја година во месец јуни.
ОМУ "Методи Патче"
ОУ "Братство-eдинство"
ОУ "Ванчо Николески"
ОУ "Григор Прличев"
ОУ "Живко Чинго"
ОУ "Кочо Рацин"
ОУ "Св.Климент Охридски"
ОУ "Св.Наум Охридски"
ОУ "Христо Узунов"

Настани

Јул 3 Св. Наум Охридски Чудотворец

Јул 6 Балкански фестивал

Јул 12 Охридско Лето

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©