Во своето 37-годишно постоење и развој ЕМУЦ "Св. Наум Охридски" -
Охрид бележи неколку фази:
- Формирање на Центарот, во есента 1966год. со 4
паралелки од металска струка, опфатени 140 ученици и 8 вработени во
Центарот.
- 1970/71 поради големиот интерес и потребите на
охридското стопанство верифицирана е паралелка за машински
техничари, а во 1973 и паралелки од трет и четврт степен од
електротехничката струка, и со тоа се врши и промена на името од
Металски во Електромашински Центар.
- Учебната 2003/04 има 33 паралелки, 738 ученици во
електротехничката и машинската струка и 72 вработени.
Центарот е добитник на Седмоноемвриската награда во 1987 год. -
највисоко признание на Охрид, а во 1990 година прогласен е за
најуспешен Центар.
Центарот учествуваше во проектот "Економско образование за млади"
организирано од страна на Бирото за млади.
Во рамките на проектот на ГТЗ и Бирото за развој на образованието,
ЕМУЦ " Св.Наум Охридски " се здоби со опрема за електротехничката
струка. Во новата лабораторија се наоѓаат девет работни маси за 18
ученици, во кои можат да се изведуваат вежби од:
1. електрични инсталации:
- систем со кутии;
- назидни инсталации;
- систем со откривање на
грешки;
2. електромоторни погони (трофазни и монофазни
асинхрони мотори),
управувани со контакторски кола и сигнализација.
3. систем со куфери вежби од електроника.
Исто така во употреба е во употреба е новиот кабинет за сметачка
техника и автоматика, опремен со дваесет компјутери Pentium 4,
донација од кинеската влада.
Машинскиот смер располага со работилница опремена со машини, алати
и помагала за изведување на практична настава од профилите:
металостругар, металоглодач, алатничар, бравар и сл.
ЕМУЦ " Св.Наум Охридски " во текот на своето работење одржува
контакти и соработува скоро со сите претпријатија во општината
Охрид. Од електротехничката струка особено се издвојува соработката
со АД " EMO " - ОХРИД како и некои приватни фирми, каде се одвива и
дел од практичната настава.
Исто така во ЕМУЦ " Св.Наум Охридски " со V-степен на образование
се здобиваат вработени лица од други фирми со кои училиштето
соработува.
Од машинската струка дел од практичната настава се изведува во
претпријатијата АД "Алатница", АД "АГП" и др., а механичарите
практичната настава ја изведуваат во приватните автосервиси во
Охрид.
Електротехничка струка
»» Образовни профили за четиригодишно
образование
• Електротехничар за
компјутерска техника и автоматика
• Електротехничар за
електроника и телекомуникации
•
Електротехничар-енергетичар
»» Образовни профили за тригодишно
образование
• Електромеханичар
Машинска струка
»» Образовни профили за четиригодишно
образование
• Машинско-енергетски
техничар
• Машински техничар за
НУМА (стара програма)
• Машински техничар за
механизациски машини и возила (стара програма)
• Машински техничар
»» Образовни профили за тригодишно
образование
• Автомеханичар
• Заварувачи