Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Образование и наука :: ОСО "Св.Климент Охридски" - Охрид
ОСО "Св.Климент Охридски" - Охрид
ОСО "Св.Климент Охридски" - Охрид
Местоположба и историјат

Воспитно-образовната дејност на УСО "Св. Климент Охридски" се одвива во две згради и тоа во старата зграда, односно гимназијата, и новоизградената, позната како економско училиште. Тие се лоцирани во центарот на градот и се лесно достапни.

Развојот на охридскиот училишен гимназиски центар во многу нешта се разликува од развојот на другите училишта во земјава. Особено место во тој развој и воопшто во развојот на Охрид заслужува изградбата на оваа зграда што претставува темел на гимназиското образование во Македонија.

Изградбата започнала во 1908 година по фотографија од француска зграда во неокласицистички стил,а инвестирал Ејуп Сабри од Охрид. До 1944 година оваа зграда имала различна намена: турска управа, војничка касарна, општина, училиште со интернат и слично.

Самите почетоци на гимназиското образование во Охрид се некаде во првата деценија на минатиот век (20-ти), што значи дека во Охрид имаме скоро едновековна гимназиска традиција. Наставата се изведувала на различни места. Летото 1926 година бил основан и ученичкиот интернат при гимназијата во Охрид, од страна на неколку наставници во гимназијата и неколку учители од основните училишта во Охрид, со цел да им се помогне на сиромашните ученици и да се овозможи школување на деца од пошироката охридска околија.

Интернатот две години бил сместен во една стара приватна куќа. Есента 1928 година гимназијата и интернатот, заедно, се преселиле во својата нова зграда-денешната зграда. Работеле по правилник пропишан од тогашното Министерство за просвета, а биле и од Банската управа во Скопје. Со гимназијата и интернатот управувал директорот Петар Тодороски. Интернатот бил сместен во поткровниот дел на зградата, а просториите над него, во испуштените делови на тој потпокров, биле наменети за обавување на материјалното и финансиското работење на интернатот.Покрај директорот како претседател во него членувале: претседателот на општината Никола Чакарески, учителот Ѓорѓе Ставриќ и гимназискиот наставник Зоран Булиќ.

За жал, во 1936 година двата потпокривни ката ги зафаќа пожар и ова прекрасно здание засекогаш ја губи вистинската вредност.

Гимназијата, како образование во тоа време, била продолжение на тогаш 4 годишното основно образоние па така не се случајни називите: V, VI, VII и VIII клас гимназија. Биле запишувани по две паралелки и тоа со приемен испит (српски јазик и математика). По извесно време, паралелно со Гимназијата, интернатот и Учителската школа биле под бугарска управа. Наставата е на бугарски јазик (застапен и како предмет), а се изучувал и предметот веронаука. Еден од неговите предавачи бил г-динот Бранко Ковачески кој по ослободувањето станал и директор на гимназијата.

По војната гимназијата продолжува со нормална работа и со настава, за првпат, на македонски јазик. Од тие причини генерацијата матуранти 1945/1946 година, во нашата архива се забележана како прва генерација матуранти-ученици во гимназијата "Св.Климент Охридски".
Нивните професори се:
Лазоски Ристо - македонски јазик и историја; Евтимов Бојан - руски јазик и филозофија; Манчев Сисоја - француски и латински јазик ; Стефаноски Јонче - географија; Хаџиева Елена - биологија; Куљан Спасе - математика (подоцна министер за образование); Срмобожова Емилија - физика и хемија; Владимиров Димитар - физичко образование.
Од тогаш па се до денес, во нашиот град, во истата училишна зграда пермаментно се одвива гимназиско образование.

Битна трансформација настанала во 1949 година кога се инсталирал концептот за 8 годишно основно образование т.е. кога за првпат IV-то оддленците преминале во V оддление. Гимназијата пак е средно образование, но по завршено 8 годишно основно училиште.
Како било да се менувал и менува образовниот концепт, факт е дека гимназијата им одолева на сите удари на времето; гордо го дочека новиот милениум; претставува крстопат на трите временски димензии: минатото, сегашноста и иднината. Достојно го носи името на св.Климент Охриски - симбол на непокорот, истрајноста, и вербата во иднината. Неговата светлина секогаш ќе го грее патот по којшто генерациите ќе ја негуваат традицијата на овој град. Град во којшто е основан и првиот Универзитет на Балканот.

Доколку се врати нејзиниот првобитен изглед, Охрид и Македонија ќе добијат значаeн културно-историски споменик како сведок за нашите длабоки корени и нашиoт непокорен дух.

Воспитно-образовна дејност

До 01.07 2005 год. училиштето ја вршеше воспитно-образовната дејност како државно средно училиште. Од 01.07 2005 год. основачките права од државата ги презема Општина Охрид, така што училиштето денес функционира како општинско средно училиште.

Во училиштето се одвива воспитно-образовен процес за
     - гимназиско образование односно природно-математичко подрачје, јазично-уметничко подрачје, општествено-хуманитарно подрачје и
     - четиригодишно стручно образование од економско-правна и трговска струка.

Во гимназиското образование функционираат 32 паралелеки, а во стручното образование 16 паралелеки од економско-правна и трговска струка - за профилот економски техничар, со вкупно 1564 ученици.
Работата во училиштето се одвива во две згради и во две смени.

Материјално-техничка опременост и просторни услови

По однос на расположливите технички ресурси, училиштето располага со современа компјутерско-техничка опрема за педагошко- психолошката служба, секретарот, замениците директори и директорот, компјутерска опрема за сметководителот и посебно за наставниот кадар, како и во библиотеката, каде што опремата е на располагање и на учениците. Во двете училишни згради, на компјутерите е достапен интернет 24 часа. Во гимназијата имаме два кабинети со 40 компјутери додека во економското има три кабинети со 50 компјутери.
Освен компјутерската опременост, важно е да се напомене дека училиштето има 10 касетофони, 2 фотокопирки, 4 графоскопи, 4 телевизори, ДВД со целосна сараунд опрема кои се употребуваат во и вон наставата како наставни средства и помагала. Библиотекарскиот фонд на книги е збогатен и во моментов постојат околу 20.000 книги, дел стручна литература за наставен кадар како и литература наменета за учениците.

    УЧИЛИШНИ ЗГРАДИ (Површина во м2)
    Стара зграда 5 403
    Нова зграда   3 812
    Вкупно            9 215
УЧИЛИШТЕН ПРОСТОР

ГИМНАЗИЈА

ЕКОНОМСКО

училници 16  8
кабинети 6 3
лабаратории 1 /
реална училишна компанија - СЕА / 2
кариерен центар - СЕА проект / 1
подрумски простори 1 1
работилници 1 1
остави 1 1
чајни кујни 1 1
дворни површини 1 1
тревнати површини 1 1
ОУТУ "Ванчо Питошески" - Охрид
ОЕМУЦ "Св.Наум Охридски" - Охрид
ОСО "Св.Климент Охридски" - Охрид

Настани

Јул 3 Св. Наум Охридски Чудотворец

Јул 6 Балкански фестивал

Јул 12 Охридско Лето

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©