ИЗГРАДЕН И ВТОРИОТ КРАК ОД ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА ОД СААТ КУЛАТА ДО ГОРНА ПОРТА
- декември 2, 2019
- 0
- Категорија:
Деновиве заврши изградбата на пешачката патека во стариот дел на градот, што води од Саат кулата до Горна порта. Должината на патеката е 275 метри, со крак од 114 метри, што ја спојува патеката со улицата “Св. Кирил и Методиј“.
Инвеститор на овој проект е Центарот за развој на југозападниот плански регион, со средства обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа. Вредноста на целиот проект е 11 милиони и 500 илјади денари, од кои 3 милиони се издвоени за оваа патека.
Патеката е изградена од природни материјали, а вдолж истата се поставени и 24 автентични канделабри.