ОХРИД ДОМАЌИН НА ЕВРОПСКИ КУП ВО ПАРАГЛАЈДИНГ
- ноември 7, 2024
- 0
На терените на СРЦ “Билјанини извори“ денеска започна Ohrid fly festival – Европски куп во параглајдинг.
Неколку десеттици параглајдеристи од земјава и странство прелетаа над охридското небо. Организаторите и учесниците ги поздрави претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски.
– Дозволете да го изразам моето задоволство што токму денес кога Охрид чествува за својата слобода сме домаќини на еден голмем и несекојдневен спортски настан Ohrid fly festival Европски куп во параглајдинг –Охрид 2024. Ова случување го нправи денов уште повеличествен ако се земе во предвид дека европската фела од областа на палаглајдерството е токму во Охрид. Неколку десеттици палаглајдеристи од земјава и странство ќе прелетаат над охридското небо и ќе го направат денов, посебен, незаборавен.
Во ремен или во кожурец како „мешун“ виси под крилото од ткаенината спортоистот со исклучителен авантуристички дух. Лесни, слободно летачки, едрилици со пешачки авион без цврста примарна структура денес ќе ја красат небесната шир и ќе крадат многу воздички од сите нас.
Посакувам сите вие да се рекрирате и забавувате, но нека победи најдобриот оној кој „најмудро“ќе соработува со ветрот.
Секако во сободните часови од денешниов ден посакувам да се запознаете со убавините на нашиот град. Нурнете во древното време на Климент и Наум, качете се на калето кое надвиснало над езерските води и прошетејте низ царска македонија влегувајќи низ Самоиловата тврдина. Слезете во куќата на Робевци и Уранија прошетајте низ времето на охридските чалгии и трубадури. Глатта скротете ја со вкусна храна во бројните ресторани, а ноќта минете ја во некое од кафулињата на охридската ривиера
И секако здрави и живи вратете се повторно во Охрид, а ние во рамки на своите ингеренции и можности повторно ќе поддржиме случување од ваков тип и ќе се покажеме како добри домаќини- рече Божиноски.