ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ПО ПОВОД КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН
- април 9, 2023
- 0
По повод големиот христијански празник Воскресение Господово – Велигден, градоначалникот Кирил Пецаков, упати честитка до сите христијани со католичка вероисповед.
– Драги охриѓани, верници со католичка вероисповед, сите сограѓани кои го прославувате најрадосниот христијански празник Велигден по Грегоријанскиот календар, најискрено ви го честитам празникот посакувајќи да го поминете во мир благосостојба и среќа.
Христовото воскресение нè учи дека вербата и надежта нè прават човечни. Затоа и понатаму да останеме свои, обединети во духот на промовирањето на вистинските вредности кои ќе придонесат во зацврстувањето на меѓусебната доверба и почит. Во духот на толеранцијата и меѓусебното почитување овој голем христијански празник не потсетува дека сите во себе носиме љубов и радост.
Со добра мисла и спокој во душите на овој ден посакуваме здравје и среќа за ближните, милост и благослов за изнемоштените и молитва за немоќните и слабите.
Христос воскресна! Навистина воскресна! Честит празник и за многу години!