Со цел да се подигне нивото на јавна чистота, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ рано утринава спроведоа активности за миење на улиците во Стариот дел на градот.

Заради специфичноста на теренот, тешката пристапност и тесните улици, чистењето било извршено со мала цистерна.

Како дел од програмата за одржување на јавна чистота, ЈП „Охридски Комуналец“ врши секојдевно миење на улиците во централното градско подрачје, чаршијата и градскиот кеј, како и на улиците во сите населби, по претходно утврдена динамика.