Градоначалникот Кирил Пецаков денеска во големата сала на Општина Охрид ги прими акцијашите  од Србија, Босна и Херцеговина и Словенија кои се во неколкудневна работна посета на Охрид . Тие работат на расчистување на просторот во близина на хотел „Далјан“ од  отпад и градежен шут.

Градоначалникот Пецаков им се заблагодари за нивниот ангажман и благородната општествена дејност со која се занимаваат и укажа на  неопходноста  до крајот на годината да се утврдат потребите на   охридските акцијаши   со цел  да бидат  предвидени средства  од општинскиот  буџет за наредната календарска  година.

 Акцијашите  кои доаѓаат од бившите југословенски простори  беа воодушевени од убавините на Охрид  и приемот на градоначалникот и најверојатно работна акција кај нас ќе реализираат  и наредната година.