Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, денеска оствари  протоколарна средба  со амбасадорот на Јапонија во Република Северна Македонија, Хиронори Савада.

На средбата, соговорниците ги потенцираа добрите традиционални  врски меѓу двете земји.

Заеднички е констатирано дека има позитивен развој на билатералните односи помеѓу двете држави, за што се констатирани и можности за натамошно унапредување.