Атлетскиот клуб „Охрид ТрчаТ“, денеска, донира атлетска опрема за сите основни училишта во градот.

Донацијата се состои од сет атлетски реквизити (40 маркери, 2 топки за одделенци, 4 хулахопи, 25 мали топчиња и две мали пречки) кои ќе бидат донирани за секое училиште. 

Атлетските реквизити ќе бидат наменети за најмалите ученици и ќе се од особено значење за професорите по физичка култура во делот на реализација на наставата по физичко образование со посебен акцент на атлетиката.