Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија  наскоро започнуваат со реализација на крупен спортски проект, изградба на  Баскет игралиште во некогашната касарна „Михајло Апостолски“ .

Игралиштето сместено во делот за спорт и рекреација  ќе биде со димензии 22м на 22м и површина од 422 м2. На него ќе има специјална подлога за играње кошарка, а ќе бидат поставени рефлектори, соодветни спортски реквизити, канти за отпадоци и клупи.

Игралиштето ќе биде наменето за спорт и рекреација на жителите од населба „Црногорци“, а според  планираното Општина Охрид  во иднина предвидува овој дел на градот да го разубави и со останати спортски содржини.