БРОЈНИ НАГРАДИ ЗА ОХРИДСКИТЕ УЧЕНИЦИ НА ДРЖАВНИОТ АТЛЕТСКИ НАТПРЕВАР
- мај 17, 2023
- 0
Со највисоки освоени места и низа награди се вратија средношколците и основците од охридските училишта по вчера одржаниот Државен натпревар по Атлетика во Куманово .
Во категоријата скок во височина кај жени Прво место освои Климентина Модева од ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, а во оваа категорија кај мажите Третото место го освои Бојан Секулоски од ОСУ „Свети Климент Охридски“.
- Во категоријата фрлање ѓуле кај жени, Третото место го освои Климентина Модева од ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
- Во категоријата скок во далечина кај мажи , Второто место го освои Александар Камнароски од ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
- Во категоријата трчање на 400 метри кај мажи, Третото место го освои Михаил Николоски од ОСУ Свери Климент Охридски.
- Во категоријата трчање на 400 метри машки штафета, Трето место освои ученик од ООЕМУЦ.
Што се однесува до основните училишта во категоријата скок во височина за жени, Второто место го освои Матеа Матеска од ООУ „Христо Узунов“, а во истата категорија за мажи, Прво место освои Влатко Кркачоски од ООУ „Живко Чинго“ и Второ место, Матео Сиљаноски од ООУ „Христо Узунов“.
- Во категоријата трчање на 100 метри за мажи Првото место го освои Влатко Кркачоски од ООУ „Живко Чинго“.
- Во категоријата трчање на 600 метри кај жените Првото место го освои Јана Секулоска- Анакиеска од ООУ „Братство и единство“.
- Во категоријата трчање на 300 метри кај жените Третото место го освои Калина Ангелоска од ООУ „Григор Прличев“.
- Во категоријата скок во далечина кај мажи третото место го освои Христијан Стојаноски од ООУ „Ванчо Николески“, а во трчање штафета на 100 метри за жени, Второто место го освои ученичка од ООУ „Григор Прличев“.
Организатори на настанот се Атлетската федерација на Македонија и Федерацијата на училишен спорт на Македонија.