ВАТЕРПОЛО ТУРНИР ОХРИД 2019
- септември 6, 2019
- 0
Во чест на Денот на независноста на Република Северна Македонија, утре (сабота
07.09.2019 година) на Градското пристаниште во Охрид, со почеток во 12:00 часот
ќе се одржи ревијалниот ватерполо турнир ОХРИД 2019, и од 11:00 часот во
недела.
Со тоа се продолжува иницијативата од минатата година, која има цел да се
развие овој, некогаш многу популарен спорт во Охрид.
Пријавени се учесници од Холандија, Хрватска, Црна Гора, БиХ, Србија, како и
од ветераните од „Охридски бранови“, Штип, Струга и „Вардар“.