• На сите православни верници им го честитам најголемиот христијански празник Велигден, со најискрени желби за добро здравје , љубов и меѓусебно разбирање. Нека овој празник за сите нас биде поттик да правиме добри дела, настојувајќи да изградиме општество на среќни, силни и солидарни луѓе. Посакувам во вашите срца да завладее празнична радост и со Божји благослов, Велигден да го прославите со своите најблиски, во мир и благосостојба– стои во честитката на в.д.градоначалникот Константин Георгиевски.