Како дел од годишната Програма за сообраќајна сигнализација, Општина Охрид спроведува активности за поставување на вибрациони ленти за забавување на сообраќај на булевар „Туристичка“ и улица „АСНОМ“.

Лентите се поставени на коловозот во непосредна близина на пешачките премини, на оние локации кои се утврдени како критични точки во сообраќајот.

Целта на овој вид современа хоризонтална сигнализација е да придонесе за намалување на брзината на движење на возилата, со што значително се зголемува безбедноста на пешаците.

Според планираното, во текот на наредниот период ќе бидат поставени соодветни забавувачи на сообраќај и на уште неколку сообраќајници на подрачјето на општината.