ВОНРЕДНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА И ДЕРАТИЗАЦИЈА
- март 11, 2020
- 0
Согласно препораките и мерките што вчера ги донесе Владата на Република Северна Македонија, општина Охрид започна со вонредна дезинфекција и дератизација.
Почнувајќи од денес до понеделник ќе се врши дезинфекција и дератизација на сите објектите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, а потоа ќе продолжи во сите основни и средни училишта на територија на општина Охрид.
Дезинфекцијата и дератизацијата ја спроведуваат екипи на Центарот за јавно здравје.