Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа во саботата на 13-ти мај 2023 година во Охрид.

Акцијата ја реализираа Општина Охрид и ЈП„Охридски Комуналец“ со поддршка на здружението „Брег на Младоста“, компанијата  Kостал Македонија Дооел, Шпаркасе Банка и Црвениот Крст Охрид. Во теренските активности беше опфатен потегот од плажата „Горица“ до поранешната детска болница и плажата “Грашница“.

Акцијата беше организирана од  „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад. Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина.