Денес во 12 часот е регистриран голем дефект на водоводната мрежа, на бул. “Свети Наум Охридски“. Пукната е главна цевка со профил од 300мм, со која се снабдува поголем дел од градот. Екипи на ЈП “Водовод“ се на терен и се очекува до вечерните часови дефектот да биде отстранет и да продолжи нормалното снабдување со вода.