Општина Охрид ги известува граѓаните дека на 23.09.2019 година (понеделник) ќе започнат градежни активности на потегот од крстосницата помеѓу ул. „Коста Абраш“ и ул. „ Цар Самуил“ до „ Долна Порта“ .

Поради ефективно и непрекинато изведување на градежните активности се молат граѓаните паркираните возила на овај потег да ги препаркираат на друго место, а другите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на движење согласно условите на патот.