Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид на градежните активности за уредување и проширување на коритото на реката Грашница кои се реализираат од пресекот на булевар„ Туристичка“  со улица „Железничка“ во должина од околу 170 метри.

По расчистувањето, речното корито ќе се бетонира и ќе се обложи со камен. Вредноста на проектот е 6 милиони и 750 илјади денари, а градежните активности ги реализира Градежната компанија „Бокоп “ од Боровец која беше избрана по претходно распишан тендер на Општина Охрид.