Денес, градоначалникот Константин Георгиески оствари средба со заменик шефот на мисијата од Американската амбасада, Џенифер Литлџон. На средбата се разговараше за тековните проекти кои ги реализира општина Охрид. Соговорниците разговараа и за препораките од УНЕСКО, за кои градоначалникот Георгиески истакна дека најголем дел се завршени, а другите активно се спроведуваат. Беше разговарано и за долгот на општината и странските инвестиции во градот. Шефот на мисијата, Литлџон, ја истакна својата поддршка за реализацијата на предвидените проекти и својата подготвеност за давање идеи кои ќе придонесат полесно спроведување на проектите.