По повод верскиот празник Курбан-Бајрам, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка до сите граѓани од исламска вероисповед.

-Во мое лично име и во името на Општина Охрид, на сите сограѓани од исламска вероисповед им го честитам големиот празник Курбан Бајрам, со желби за среќа, благосостојба и духовен мир. 

Овој верски празник е симбол на солидарноста, па затоа посакувам да биде еден убав мотив за поголемо меѓучовечко разбирање, почитување и хармонија. Празниците не учат да простуваме, помагајќи си едни на други и да го јакнеме соживотот. Посакувам вербата во бога да не води на вистинскиот пат и заеднички да градиме поубава иднина за нашиот Охрид.

Овие празнични денови нека поминат во радост, со добра мисла, мирољубивост и толеранција, стои во честитката на градоначалникот Георгиески.