Денес, на работна средба со градоначалникот Кирил Пецаков, беше Министерката за култура Ирена Стефоска. На средбата беше разговарано за активностите што се реализираат како и за активности кои треба да се преземат во насока на зачувување на статусот заштитено подрачје од УНЕСКО.

Градоначалникот ја информираше Министерката за чекорите кои што Локалната самоуправа ги презема и за средбите што ги остварил со претставници на институции поврзани со оваа тематика.

Министерката за култура, истакна дека Министерството целосно стои на располагање на Општина Охрид за сите активности кои треба да се преземат и дека ќе учествува во посредување на остварување средби помеѓу градоначалникот и сите релевантни институции од државата и странство.

Беше констатирано дека од заеднички интерес е да се продолжи со веќе воспоставената практика во исполнувањето на препораките од УНЕСКО.