Денес градончалникот Пецаков изврши увид во градежните зафати на улицата “Момчило Јорданоски“. Реконструкцијата на улицата е заеднички проект на локалната самоуправа и Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

Вон овој проект, Општина Охрид целосно ја реконструира атмосферската мрежа во должина од 430м, за што се одвоени 3 милиони денари. Во наредниот период, планирано е поставување на нова сообраќајна сигнализација.