Градоналаникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, оствари средба со заменик амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија Н.Е. Роберт Декер. Тема на разговор беше продлабочување на соработката во областа на туризмот. Потенцирано беше дека традицонално Охрид и Кралството Холандија имаат добра соработка во туризмот.

Градоначалникот ги запозна гостите со плановите за развој на градот и унапредувањето на услугите во туризмот.  Се разговараше и за организирање на промотивни активности во Кралството Холандија со цел доближување на убавините и туристичката понуда на Охрид до холандските туристи. На средбата се зборуваше и за организирање средби помеѓу туристичките работници од Охрид и Холандија со цел разменување на искуства, особено во развојот на алтернативниот туризам.

Градоначалникот го запозна заменик амбасадорот и со процесот на спроведување на препораките од УНЕСКО и за идните чекори кои градот ќе ги презема во оваа насока. Заменик амбасадорот изрази поддршка во намерата за зачувување на статусот во УНЕСКО.

По завршуање на средбата, заменик амбасадорот оствари средба со туристичките работници од Охрид и со претставници на ХОТАМ.