Во техолошко индустриската зона во Мислешево, денеска, официјално беше отворена канадската компанија „Магна Мирорс“. На свеченоста присуствуваа градоначалникот Кирил Пецаков и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески.

Вредноста на инвестицијата е околу 35 милиони евра, се простира на површина од 17 илјади метри квадратни, а бројот на вработени ќе надминува 1000.

„Магна интернационал“ е канадска компанија со глобално седиште во Онтарио-Канада, која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти.