Во насока на подддршка на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со претседателка на здружението „Ретко е да си редок“, Гордана Лолеска.

На средбата се разговараше за поддршката која Општина Охрид, втора година по ред ја обезбедува за лицата со ретки болести во вид на редовни стипендии за ученици, студенти и магистранти.

Градоначалникот Пецаков потенцираше дека само преку заедничка соработка, конкретни мерки и гласно зборување за ретките болести ќе се овозможи полесно надминување на предизвиците со кои се соочуваат овие лица и нивните семејства.

На средбата, градоначалникот Пецаков и госпоѓата Лолеска ги обоија двете дланки како симбол на надеж дека ќе се обезбеди поголем медицински напредок во третманот и лекувањето на ретките дијагнози и дека ќе се обезбеди пристап до лекови за 10% од лицата кои се соочуваат со ретко заболување.
Општина Охрид и оваа година активно се вклучи и ја поддржа кампањата „Ги запознаваме ретките болести “ со осветлување на општинската зграда, неколку јавни објекти и споменици во боите на ретките болести.