Вечерва со почеток во 19 часот во малата сала на Општина Охрид ќе се одржи граѓански форум на кој ќе учествуваат претставници од локалната самоуправа и членови на урбани заедници.

На средбата ќе бидат сослушани сите предлози и идеи на присутните граѓани непосредно  пред креирањето на општинскиот буџет за 2020 година.